Kerimi Sadiku, Teuta (2021) ЕКОНОМСКО-ФИНАНСИСКИ ЕФЕКТИ ОД РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ НА ЈУГОЗАПАДНИОТ РЕГИОН ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА. Doctoral thesis, University "St.Kliment Ohridski" - Bitola.
Text
Teuta Kerimi Sadiku.pdf Download (3MB) |
Abstract
Во докторската дисертација презентирани се економско-финансиски ефекти од развојот на туризмот во југозападниот регион на Република Северна Македониjа. Со постојаниот придонес кон зголемување на глобалниот извоз, туризмот се покажа како значаен извор за генерирање на приходи и создавање на работни места во многу национални
економии.
За да се разјасни сето тоа, потребно ни беше користење на различна литература за оваа проблематика и опсервација на терен. За реализација на овој труд треба да се спроведат
истражувања во југозападниот плански дел во Северна Македонија за да се утврди влијанието на економско-финансиските ефекти врз туризмот, како и на туристичките
бизниси врз економијата на земјата.
Одржливиот развој на туризмот е заедничка одговорност на значителен број учесници, вклучувајќи и институции на државата (централни и локални), туристички претприемачи, граѓански организации, образовни институции, медиуми и граѓани.
Меѓународните институции што ги канализираат средствата за развој на туризмот во Македонија играат важна улога во остварувањето на оваа цел.
Знаеме дека нашата земја има туристички потенцијал и тоа за повеќе видови на туристички бизнис и токму затоа во оваа докторска дисертација ќе бидат истражувани сите
економски ефекти од развојот на туристичкиот бизнис и неговото влианије врз економијата на нашата земја.
Како еден сектор од економијата, улогата и важноста на туризмот е широко прифатена, бидејќи придонесува за раст на бруто-националниот производ, за подобрување на платниот биланс, за создавање на нови работни места, за раст на инвестициите и за промовирање на локалниот, регионалниот и националниот развој.
Item Type: | Thesis (Doctoral) |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Other social sciences |
Divisions: | Doctoral Dissertations |
Depositing User: | M-r Bojan Mihajlovski |
Date Deposited: | 30 Oct 2023 08:52 |
Last Modified: | 30 Oct 2023 08:52 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/8933 |
Actions (login required)
View Item |