Janusheva, Violeta (2023) МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ВО НАУЧНО-ТЕХНОЛОШКИТЕ СТАТИИ НА НОВИНАРСКИОТ ПОТСТИЛ. In: VII меѓународна научна конференција МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК – ИЗВОР НА НАУЧНИ ИСТРАЖУВАЊА, 28.-29.6.2023, Skopje.
Full text not available from this repository.Abstract
Ова истражување има цел да го испита начинот на кој се употребува
македонскиот јазик во новинарските статии со научно-технолошка содржина, од гледна точка на
стандарднојазичната норма имајќи предвид дека една од функциите на новинарскиот потстил е да
ја чува и да ја унапредува нормата. Примерокот го сочинуваат 100 статии од рубриките Наука и
Технологија објавени на веб-сајтот time.mk во месец август. Во основата на анализата се
споредбата и општиот квалитативен индуктивно-интерпретативен метод. Од истражувачките
резултати произлегува впечатокот дека во овие статии македонската јазична норма многу малку
се почитува, што, е, впрочем, случај и со сите содржини што се однесуваат на новинарскиот
потстил, воопшто. Од истражувањето се гледа и дека содржината на овие статии се презема
директно од извори на англиски јазик, што дополнително, негативно влијае врз нормата, а како
резултат на ова, чести се и неточните или делумно точните информации. Од друга страна,
резултатите од истражувањето се одлична можност да се согледаат евентуалните потреби за
прецизирање на постојните и развивање нови правописни решенија во идното издание на
Правописоt.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Education |
Depositing User: | Prof. d-r Violeta Januseva |
Date Deposited: | 13 Jul 2023 11:25 |
Last Modified: | 13 Jul 2023 11:25 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/8683 |
Actions (login required)
View Item |