СИСТЕМОТ ЗА НАМАЛУВАЊЕ РИЗИЦИ ОД КАТАСТРОФИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Иванов, Александар and Бабаноски, Кире and Цветковиќ, Владимир (2023) СИСТЕМОТ ЗА НАМАЛУВАЊЕ РИЗИЦИ ОД КАТАСТРОФИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА. МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ БЕЗБЕДНОСТ (8). pp. 55-70. ISSN 2671-3764

[thumbnail of MNS-Bezbednost-Br_8.pdf] Text
MNS-Bezbednost-Br_8.pdf - Published Version

Download (4MB)

Abstract

Предметот на интерес во овој труд е приказ и елаборација на системот
за намалување ризици од катастрофи во Република Северна Македонија,
преку анализа на стратешката и правната рамка, воспоставената национална
платформа и институциите кои влегуваат во негов состав, како и нивните
надлежности. Во трудот се користи терминот „систем за намалување ризици
од катастрофи“, притоа, подразбирајќи два потсистема: систем за управување
со кризи и систем за заштита и спасување, кои се резултат на највисоките
државни стратешки документи и усвоената законска рамка.
Намалувањето на ризиците од катастрофи подразбира севкупен
координиран, мултисекторски пристап, интердисциплинарен по својата
природа, вклучувајќи ги сите општествени субјекти (од граѓаните до
најсложените општествени организации). Претпоставката за постигнување на
оваа цел подразбира остварување на состојба која би била најблиску до
посакуваната во однос на процесот на „управување со ризиците“. Од друга
страна, општествениот начин на живот во современиот свет подразбира
секојдневна промена на начинот на живот и особено зголемување на
таканаречените „произведени ризици“, кои во основа се ризици кои се
создаваат од начинот на живеење на луѓето. За да се остварат во полн
капацитет наведените цели, Република Северна Македонија пред себе има
многу задачи и предизвици. Имено, управувањето со ризиците треба севкупно

56
да придонесе кон зголемување на отпорноста на општеството, што во
наједноставна смисла на зборот треба да обезбеди максимална предвидливост
на ризиците и заканите, нивно спречување или справување на начин кој ќе
предизвика најмалку последици обезбедувајќи нормален и вообичаен начин
на живот на граѓаните.
Клучни зборови: ризици, опасно

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Other social sciences
Divisions: Faculty of Security
Depositing User: Ms. Olivera Trajanova
Date Deposited: 09 Jul 2023 14:29
Last Modified: 09 Jul 2023 14:29
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/8574

Actions (login required)

View Item View Item