ПРИРОДНИ КАТАСТРОФИ (Геопросторна и временска дистрибуција)

Ivanov, Aleksandar and Цветковиќ, Владимир (2016) ПРИРОДНИ КАТАСТРОФИ (Геопросторна и временска дистрибуција). Факултет за Безбедност - Скопје, Скопје. ISBN 978-608-4532-87-3

Full text not available from this repository.

Abstract

Животната средина на планетата Земја потекнува од уникатна комбинација на фактори кои резултирале со создавање на различни видови земјени површини и животни форми. Активноста на метереолошките, геофизичките и хидролошките фактори се карактеризираат со варијација со различна амплитуда и фрекфенција кои може да предизвикаат сериозно разнебитување на еквилибриумот на даден екосистем. Непогодите, од кои настануваат и катастрофите, може да се случат на крстосницата меѓу природните опасности и човековото општество, како резултат на комбинација и меѓузависност меѓу силината на тие настани од една, како и ранлива, неподготвена општествена заедница од друга страна.
Во историска смисла тешко може да се каже дека постоеле општества кои директно или индиректно не се соочувале со природните непогоди, односно катастрофи. Како сериозна закана на својот опстанок природните непогоди долго време се доживувани и како „Божја порака“ која била упатувана кон луѓето поради различни причини. На пример, со ширењето на христијанството пред околу 2000 г., се верувало дека природните непогоди се специјални пораки упатени директно од Бог со цел казнување на грешниците (Mileti, 1999:101). Може да се каже дека и сите други религиозни убедувања веруваат во пораките кои им ги праќал Бог преку природните несреќи и непогоди. Таа перспектива на гледање на нештата сугерирала, сосем погрешно, се разбира, дека луѓето немаат улога во создавањето или справувањето со последиците од природните непогоди.

Item Type: Book
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Other social sciences
Divisions: Faculty of Security
Depositing User: Ms. Olivera Trajanova
Date Deposited: 09 Jul 2023 14:33
Last Modified: 09 Jul 2023 14:33
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/8573

Actions (login required)

View Item View Item