Stojanoska, Marija and Janusheva, Violeta (2023) Македонски родово чувствителен јазик Macedonian Gender Sensitive Language. PALIMPSEST: International Journal for Linguistics, Literary and Cultural Research, 8 (15). pp. 95-105. ISSN 2545-3998
Full text not available from this repository.Abstract
Родово чувствителниотјазик(РЧЈ), меѓу другото,се однесува на именкитештоозначуваатпрофесии/функции што најчесто се употребуваатво формата за машки род, а ги опфаќа лицата од женски и лицата од машки пол. Во трудот се анализираатсодржини што се однесуваат на родовите прашања, а особено на РЧЈ за да се добие една општа слика за зрелоста на условите Македонија да се приклучи кон пошироката дискусија за РЧЈ. Примерокотго сочинуваат голем број интернет-извори поврзани со родовите прашања и со РЧЈ, што се резултат на пребарувањето на „Гугл“ според клучен збор, а анализата се потпира на квалитативната анализа на содржината и на интерпретативно-индуктивниот метод.Резултатите од истражувањето покажуваат дека има голем број содржини поврзани со родовата еднаквост меѓу жените и мажите, но дека недостигаат содржини што се однесуваат на засилувањето на родовата еднаквост преку јазикот. Но од резултатите се гледа и дека има спорадична употреба на именки што означуваат професии/функции од женски род, а тоа покажува една позитивна насока во однос на развојот на РЧЈ во Mакедонија.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Education |
Depositing User: | Prof. d-r Violeta Januseva |
Date Deposited: | 26 Jun 2023 12:26 |
Last Modified: | 26 Jun 2023 12:26 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/8516 |
Actions (login required)
View Item |