РОДОВО ЧУВСТВИТЕЛНИОТ ЈАЗИК ВО ОБРАЌАЊЕТО СО ИМЕНКИ ШТО ИМЕНУВААТ ПРОФЕСИЈА/ФУНКЦИЈА ВО СТАНДАРДНИОТ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

Stojanoska, Marija and mentor Janusheva, Violeta (2024) РОДОВО ЧУВСТВИТЕЛНИОТ ЈАЗИК ВО ОБРАЌАЊЕТО СО ИМЕНКИ ШТО ИМЕНУВААТ ПРОФЕСИЈА/ФУНКЦИЈА ВО СТАНДАРДНИОТ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК. In: ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА (зимска сесија) на студентите на трет циклус студии за презентација на докторски проекти, 3.2.2024, Bitola. (Unpublished)

[thumbnail of Докторски проект, м-р Марија Стојаноска, ПФ.pdf] Text
Докторски проект, м-р Марија Стојаноска, ПФ.pdf

Download (639kB)

Abstract

Прашањето за родово чувствителниот јазик, во последно време, станува
предмет на интерес на многу истражувања што потврдуваат дека неговата употреба ги
намалува постојните родови стереотипи и ја зголемува родовата еднаквост меѓу
мажите и жените. Во оваа смисла, особено се интересни формите за обраќање што
именуваат професија/функција зашто тие во македонскиот јазик се изразуваат со
специфични наставки, што истовремено се показатели на полот на личноста кон која се
обраќаме.
Оттука, во ова квалитативно истражување, истражувачкото прашање се
поврзува со испитување на употребата на формите за обраќање што именуваат
професија/функција за да се согледаат начинот на кој се воспоставува контакт со
соговорникот и свесноста за родовите прашања поврзани со јазикот. Примерокот е
целен и претставен преку корпус од 10 електронски видеоинтервјуа, а во основата на
анализата се кодирањето и квалитативниот интерпретативно-индуктивен метод.
Податоците се кодираат организациски (секој податок претставува еден код), а
кодовите се сортираат за понатамошна анализа. Кодовите произлегуваат од
слушањето, а преку кодирањето, се анализира значењето.
Од резултатите се гледа дека иако има форми за обраќање со именки што
именуваат професија/функција во женски род, сепак, голем број од нив се
употребуваат во генерички машки род, а други, без специфичните вокативни наставки.
Ова упатува на заклучокот дека има потреба од поразвиена свест кај зборувачите за
употребата на именките што именуваат професии/функции во женски род со цел да се
зголеми видливоста на жените во општеството, но и за да не дојде до целосно губење
на вокативните наставки во јазикот

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Education
Depositing User: prof. d-r Violeta Januseva
Date Deposited: 09 Feb 2024 10:25
Last Modified: 25 Oct 2024 15:49
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/8238

Actions (login required)

View Item View Item