ПЛУРАЛИЗМОТ И ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА

KEKENOVSKI, JOVE (2016) ПЛУРАЛИЗМОТ И ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА. „Плурализмот и политичката криза - jјавна стручна дискусија. (In Press)

[thumbnail of CIVIL govor za debata 3.docx] Text
CIVIL govor za debata 3.docx

Download (26kB)

Abstract

Кога ФРОДЕМ пред десетина дена на прес конференција објави дека траат конспиративни преговори за излез од кризата, сите мислеа дека се работи за уште еден политички спин. Денес кога слушаме дека тие ке се завршат за два дена, не го гледам ефектот од тоа што ке го кажеме или предложине овде. Но, како и да е барем нека остане запишано кажаното како за жал и многупати досега, па белким наредните генерации ке учат од нашите негативни искуства на овој план
Мојот и нашиот став во ФРОДЕМ и партнерите во Коалицијата за ПРОМЕНИ и ПРАВДА е дециден и јасен. Сегашниве преговарачи немаат капацитет и кредибилитет да ја надминат кризата. Веке познатата формулата 2+2+1 (употребена кај Рамковниот договор), овој пат не ги даде очекуваните позитивни резултати. Скоро една година од потпишувањето на договорот од Пржино и Протоколот за негово спроведување, ситуацијата е полоша. Наместо Пржино да биде чин на последен обид за политичко отрезнување на главните политички субјекти и превземање на одговорност за наоѓање на системски решенија за промена на системот на управување, ние сме сведоци на
• бесплодно политичко тактизирање,
• купување време, а со
• незаконската и ништовна аболиција, дополнителна поделба на граѓаните и невидена тензична ситуација (на прагот на братоубиствена војна), како обид за спас на сопствената кожа и предвидливата иднина

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Political science
Divisions: Faculty of Tourism and Hospitality
Depositing User: Prof. d-r Jove Kekenovski
Date Deposited: 29 Apr 2023 08:39
Last Modified: 29 Apr 2023 08:39
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/8222

Actions (login required)

View Item View Item