NAUKA ZA POLITIKA - avtorizirani predavanja prof d-r JOVE KEKENOVSKI

KEKENOVSKI, JOVE (2004) NAUKA ZA POLITIKA - avtorizirani predavanja prof d-r JOVE KEKENOVSKI. POLITICAL SCIENCE, 1 . JOVE KEKENOVSKI, SKOPJE REPUBLIKA MAKEDONIJA.

[thumbnail of NP korica.jpg]
Preview
Image
NP korica.jpg

Download (315kB) | Preview

Abstract

Д-р Јове Кекеновски

НАУКА ЗА ПОЛИТИКА - Авторизирани предавања -

ПРЕДГОВОР

Теориската размисла за политиката се појавува во периодот на историјата на човештвото, во кој се појавиле и феномените на политиката (политичката власт, политичките институции, политичките конфликти). Науката за политиката спаѓа меѓу најстарите општествени науки. Современото поимање на Науката за политика, во средиштето на својата анализа ги разработува прашањата: кој ја има моќта (власта) во општеството и како таа институционално е обезбедена, односно како власта се извршува, како се одржува, како се контролира, и кој се, и се спротивставува?. Проучувањето на државата, власта и односите на власт како основни столбови на феноменоот политика, како социјални феномени и како институти на политичката организација на општеството, постојано ја имаат за главна цел реализацијата на општествениот односно заедничкиот интерес.
Авторизираните предавања по предметот Наука за политика се наменети за студентите во првата година на Факултетот за Општествени науки – Скопје, насока по Дипломатија и меѓународна политика. При разработката на оваа материја како основа користена е книгата ,,Политологија” на почитуваниот професор на Правниот Факултет во Скопје, г-дин Димитар Бајалџиев, потоа книгата ,,Наука о Политици” на професор Љубомир Тадиќ, како и бројни трудови на автори посочени во користената и консултирана литература.
Динамичниот современ развиток на политичката пракса и теорија претставуваше приоритетна инспирацијата на едно место да се презентираат видувањата на постарите колеги како и своето гледање по однос на определени прашања и проблеми од предметната материја. Секако дека една од главните прични на ваков начин да ги презентирам претстојните предавања по предметот Наука за политика е недостатокот на поразнообразна литература на македонски јазик од предметната материја како и желбата на едно место да се најде целокупната современа материја по посочениот предмет. Со ваквиот пристап сметам дека студентите ќе имаат можност да постигнат поголем успех како и надградба на своето основно знаење.
Имајќи ги предвид предметот на Науката за политика, во содржината на предметниот материјал на авторизираните предавања, обемно се користени размислувањата и видувањата на посочените автори, а додека во еден дел на свој начин ги обработувам и презентирам различните институти, феномени и процеси какви што се: политичкиот систем, државниот механизам, власта и односите на власт, политичките партии и партиските системи, интересните групи, политичките елити, политичката партиципација, политичката култура и социјализација, историјата на политичките теории, политичката мисла и идеологија и друго.
Лично се надевам дека обработениот материјал на теоретските и практичките проблеми на Науката за политика ќе даде свој мал придонес во понатамошното дообликување на научниот приод кон многуте прашања на оваа научна дисциплина.
Доколку предложениот материјал во иднина претставува помош за сите оние кои сакаат да го надоградат своето знаење за оваа проблематика и доколку во делот на моите видувања, тој претставува интерес на оние кои се занимаваат со научно проучување на политичките проблеми, ќе бидам неизмерно среќен и свесен дека сум ја постигнал основната цел. Истовремено тоа би претставувало и мотив повеќе во скоро време да излезам со своја книга по предметот Наука за политика.

СОДРЖИНА

1. ЗА ПОИМОТ ПОЛИТИКА 13
1.1. ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ПОИМОТ ПОЛИТИКА 13
1.1.1. Поими за политиката 20
1.1.2. Сфера на политиката 23
1.2. ГЛОБАЛНО ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ПРЕДМЕТОТ НА НАУКАТА ЗА ПОЛИТИКАТА 25
1.2.1. Политиката сфатена како власт во најопшта смисла на зборот 25
1.2.2. Политиката како сфера на сеопшта интеграција на сите членови на општеството 25
1.2.3. Политиката како форма на борба за власт 28
1.2.4. Политиката како „ вештина на управување“ 29
1.2.5. Политиката како област на општествената стварност 30
1.2.6. Предмет на политиката сфатен како аспект на општествената целина. 30
1.3. ПРЕДМЕТ НА НАУКАТА ЗА ПОЛИТИКА 31
1.3.1. Политички науки, политологија и наука за политика 34
1.4. КЛАСИФИКАЦИЈА НА ПОЛИТИЧКИТЕ НАУКИ 37
1.4.1. Општо за класификација на политичките науки 37
1.4.2. Однос на политичките науки и другите општествени науки 38
2. ПОЛИТИЧКА МИСЛА 48
2.1. РАЗВИТОК НА ПОЛИТИЧКАТА МИСЛА 48
2.1.1. Античка политичка мисла 49
2.1.2. Средновековна политичка мисла 52
2.1.3. Граѓанска политичка мисла 53
2.1.4. Утопизам (утопистички социјализам) 60
2.1.5. Елитистичка струја во политичката наука 61
2.1.6. Марксистичка политичка мисла 63
2.1.7. Современа (американска) политиколошка мисла 65
2.2. ОСОБЕНОСТИ ВО РАЗВИТОКОТ НА ПОЛИТИЧКА МИСЛА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 66
3. ПОЛИТИЧКИ ПРОЦЕС 72
3.1. ПОИМОТ ПОЛИТИЧКИ ПРОЦЕС ВО НАУКАТА ЗА ПОЛИТИКА 72
3.2. ДЕФИНИРАЊЕ НА ПОЛИТИЧКИОТ ПРОЦЕС 73
3.3. СТРУКТУРА, СУШТИНА И КАРАКТЕРИСТИКИ НА ПОЛИТИЧКИОТ ПРОЦЕС 75
3.3.1. Суштина на политичкото учество (активност) 78
3.3.2. Причини за апстиненција од политичкиот живот 79
3.4. РАМНИШТА (НИВОА) И НАЧИНИ НА ОСТВАРУВАЊЕТО НА ЦЕЛИТЕ НА ПОЛИТИЧКИОТ ПРОЦЕС 80
3.5. ВИДОВИ НА ПОЛИТИЧКИ ПРОЦЕСИ 81
3.5.1. Внатрешен и надворешен политички процес 83
3.5.2. Демократски и недемократски политички процеси 83
3.5.3. Основен и периферен политички процес 84
3.5.4. Отворен и затворен политички процес 85
3.5.5. Стабилен и нестабилен политички процес 86
4. ДЕМОКРАТИЈА 88
4.1. ПОИМ И ОБЕЛЕЖЈЕ НА ДЕМОКРАТИЈАТА 88
4.2. ОСНОВНИ ВРЕДНОСТИ НА ДЕМОКРАТИЈАТА 92
4.3. СОДРЖИНСКА И ПРОЦЕДУРАЛНА СТРАНА НА ДЕМОКРАТИЈАТА 97
4.4. ОБЛИЦИ НА ДЕМОКРАТИЈАТА 101
4.4.1. Класични облици на демократијата 101
4.4.2. Современи варијанти на демократијата 109
5. ПОЛИТИЧКА ПАРТИЦИПАЦИЈА 117
5.1. ПОИМ И КАРАКТЕРИСТИКИ НА ПОЛИТИЧКАТА ПАРТИЦИПАЦИЈА 117
5.2. РАЗНИ ГЛЕДИШТА ЗА ПОЛИТИЧКАТА ПАРТИЦИПАЦИЈА 119
5.3. ДЕЈСТВУВАЊЕ: ПОЛИТИЧКА ДЕЛОТВОРНОСТ 122
5.3.1. Политичката исклученост 123
5.3.2. Жените и политичката партиципација 124
5.4. ВЛИЈАНИЕТО НА ЗАКОНОТ И ИЗБОРНИОТ СИСТЕМ НА ПОЛИТИЧКАТА ПАРТИЦИПАЦИЈА 125
5.5. УПРАВУВАЧКА ПАРТИЦИПАЦИЈА ВО ПРАНЕШНИТЕ СОЦИЈАЛИСТИЧКИ ДРЖАВИ 128
5.5.1. Постсоцијализам: изградба на цивилно општество 129
5.6. СВЕТОТ ВО РАЗВОЈ: ОДНОС ПОКРОВИТЕЛ-КЛИЕНТ 132
5.6.1. Светот во развој: трендови во партиципацијата 133
5.7. НОВА ПОЛИТИКА КОН КРАЈОТ НА XX ВЕК 135
6. ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ 139
6.1. ПОИМ И ОБЕЛЕЖЈЕ НА ПОЛИТИЧКИОТ СИСТЕМ 139
6.2. ЕЛЕМЕНТИ НА ПОЛИТИЧКИОТ СИСТЕМ 142
6.3. СУБЈЕКТИ НА ПОЛИТИЧКИОТ СИСТЕМ 144
6.4. ФУНКЦИИ И ВИДОВИ НА ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМИ 147
6.4.1. Дистрибутивен политички систем 148
6.4.2. Конвергентен (мешовит) политички систем 150
6.4.3. Структурно-динамичен политички систем 152
6.5. РАЗЛИЧНИ ПРИСТАПИ ЗА МЕСТОТО НА ДРЖАВАТА ВО ПОЛИТИЧКИОТ СИСТЕМ ВО ОПШТЕСТВОТО 153
6.5.1. Историско-материјалистички, марксистички пристап 153
6.5.2. Граѓанско-либералистички пристап 155
6.5.3. Современ пристап за местото на државата во политичкиот систем на општеството 157
7. ДРЖАВА 159
7.1. НАСТАНУВАЊЕ НА ДРЖАВАТА 159
7.2. ДЕФИНИЦИЈА ЗА ДРЖАВАТА 163
7.3. ТЕОРИИ ЗА ОБЛИЦИТЕ НА ДРЖАВАТА И ТИПОВИТЕ НА ПОЛИТИЧКО ВЛАДЕЕЊЕ 164
7.3.1. Античка теорија за држава (Платон и Аристотел) 164
7.3.2. Теоријата за државата на Монтескје 167
7.3.3. Теоријата за видовите на политичкото владеење на Макс Вебер 168
7.3.4. Марксова теорија за државата 173
7.4. СУШТИНА (БИТИЕ) НА ДРЖАВАТА 175
7.4.1. Сувереност 175
7.4.2. Класност 178
7.4.3. Присилност 179
7.5. ЕЛЕМЕНТИ НА ДРЖАВАТА 181
7.6. ОБЛИК НА ДРЖАВАТА 183
7.6.1. Монархија 185
7.6.2. Република 189
7.7. ОБЛИК НА ДРЖАВНО УРЕДУВАЊЕ 194
7.7.1. Проста (единствена) или унитарна држава 196
7.7.2. Сложена држава 198
7.8. АВТОРИТАРНИ И ТОТАЛИТАРНИ ДРЖАВИ 203
7.8.1. Проблемот на тоталитаризмот 208
7.9. ПОИМОТ „ПРАВНА ДРЖАВА“ 211
7.10. СОВРЕМЕНО ПОИМАЊЕ НА ПРАВНАТА ДРЖАВА 213
8. ВЛАСТ, МОЌ И ЛЕГИТИМИТЕТ 218
8.1. ВЛАСТ 218
8.1.1. Поимот власт 218
8.1.2. Феноменологија на власт 220
8.1.3. Теории за власт 221
8.1.4. Субјекти и објекти на власта 223
8.1.5. Природа на потчинувањето 224
8.1.6. Поимот ресурси на власта и нивна типологија 226
8.2. КЛАСИФИКАЦИЈА НА ВЛАСТ 228
8.3. ПОИМ И СПЕЦИФИЧНОСТИ НА ПОЛИТИЧКАТА ВЛАСТ 231
8.3.1. Политичка власт, моќ, сила и насилство 235
8.4. МОЌ 241
8.4.1. Поимот моќ 241
8.4.2. Сфаќања на моќта низ историјата и нејзиното современото поимање 243
8.5. ЛЕГИТИМИТЕТ 246
8.5.1. Легитимност на власт 246
8.5.2. Легитимитет, легалитет и легитимација 250
8.5.3. Легитимност и идеологија 251
9. ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ И ПАРТИСКИ СИСТЕМИ 253
9.1. ПОИМОТ ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА 253
9.2. НАСТАНУВАЊЕ НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ 256
9.2.1. Политички интерес 258
9.3. МЕТОДИ ПРИ ДЕФИНИРАЊЕТО НА ПОИМОТ НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ 259
9.4. ФУКЦИИ НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ 262
9.5. ОРГАНИЗАЦИОНА СТРУКТУРА И ПОСТАВЕНОСТ НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ 264
9.6. ПАРТИСКО ЧЛЕНСТВО И ПАРТИСКО ВОДСТВО 266
9.7. КЛАСИФИКАЦИЈА НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ 269
9.7.1. Директни и индиректни политички партии 276
9.7.2. Централизирани и децентрализирани политички партии 277
9.7.3. Кадровски и масовни партии 277
9.7.4. Прагматични политички партии 278
9.8. ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 279
9.9. ПАРТИСКИ СИСТЕМИ 283
9.9.1. Дефинирање на поимот партиски системи 283
9.9.2. Функции на партискиот систем 285
9.9.3. Класификација на партиските системи 285
10. ИНЕРЕСНИ ГРУПИ 295
10.1. ПОИМ И ЗНАЧЕЊЕ НА ИНТЕРЕСНАТА ГРУПА 295
10.2. ФУНКЦИИ НА ИНТЕРЕСНИТЕ ГРУПИ 299
10.3. ТИПОЛОГИЈА НА ИНТЕРЕСНИТЕ ГРУПИ 300
10.4. КАНАЛИ НА ВЛИЈАНИЕ НА ИНТЕРЕСНИТЕ ГРУПИ 305
10.4.1. Влијание на интересните групи врз партиите и политиките 307
10.5. ГРУПИ ЗА ПРИТИСОК 309
10.6. ЛОБИРАЊЕ 310
10.7. СОСТОЈБАТА СО ИНТЕРЕСНИТЕ ГРУПИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 312
11. ПОЛИТИЧКА ЕЛИТА 315
11.1. ПОИМОТ НА ЕЛИТА 315
11.2. РАЗВОЈ НА ТЕОРИИТЕ ЗА ЕЛИТАТА 318
11.2.1. Конзервативен тип на теорија на елитата 318
11.2.2. Технократска и либерална теорија на елитата 329
11.2.3. Нео/либералини теории за елитата 331
11.3. РАСИЗАМ, РАСНА БОРБА И РАСИСТИЧКА ТЕОРИЈА ЗА ЕЛИТАТА 340
11.4. СПЕЦИФИЧНИ ПРИОДИ ВО ТЕОРИЈАТА ЗА ЕЛИТИТЕ 347
12. ПОЛИТИЧКА ИДЕОЛОГИЈА 350
12.1. ОПШТО ЗА ИДЕОЛОГИЈАТА 350
12.2. ПОЛИТИЧКА ИДЕОЛОГИЈА 353
12.3. ЛИБЕРАЛИЗАМ 354
12.3.1. Елементи на либерализмот 357
12.4. КОНЗЕРВАТИВИЗАМ 358
12.4.1. Фази на развојот на конзервативизмот 361
12.4.2. Елементи на конзервативизмот 364
12.5. МАРКСИЗАМ 365
12.5.1. Варијанти на марксизмот 370
12.5.2. Елементи на марксизмот 374
12.6. НАЦИОНАЛИЗАМ 375
12.7. ФАШИЗАМ 378
12.8. СОЦИЈАЛИЗМОТ КАКО ИДЕЈА И ПРАКСА 382
12.9. СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИЈА 386
12.10. ХРИСТИЈАНСКО-ДЕМОКРАТСКА ИДЕОЛОГИЈА 386
12.11. АНАРХИЗАМ 387
12.12. РЕЛИГИСКИ ФУНДАМЕНТАЛИЗАМ 388
12.13. ФЕМИНИЗАМ 389
12.14. ЕКОЛОГИЗАМ (ЕНВИРОНМЕНТАЛИЗАМ) 390
12.15. КРАЈ НА ИДЕОЛОГИЈАТА 392
13. ГЛОБАЛИЗАЦИЈА 394
13.1. ОПШТО ЗА ГЛОБАЛИЗАЦИЈАТА 394
13.2. ВИДОВИ НА МОДЕЛИ НА ГЛОБАЛИЗАЦИЈА НИЗ ИСТОРИЈАТА 397
13.3. ОД НАЦИЈА-ДРЖАВА ДО ГЛОБАЛНА СВЕСТ И ИДЕЈА ЗА ГЛОБАЛЕН СИСТЕМ 401
13.4. ТЕОРИИ ЗА ГЛОБАЛИЗАЦИЈА 406
13.5. ОБЕЛЕЖЈА НА ГЛОБАЛИЗАЦИЈАТА 411
13.6. ГЛОБАЛИЗАЦИЈАТА И НАЦИОНАЛНИОТ СУВЕРЕНИТЕТ 414
13.7. ГЛОБАЛИЗАЦИЈАТА КАКО РЕЛАТИВИЗАЦИЈА И ИНДИГЕНИЗАЦИЈА 420
14. ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА И ПОЛИТИЧКА СОЦИЈАЛИЗАЦИЈА 422
14.1. ПОИМ И СОДРЖИНА НА ПОЛИТИЧКАТА КУЛТУРА 422
14.2. ДЕФИНИРАЊЕ НА ПОИМОТ ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА 424
14.3. УЛОГА НА ПОЛИТИЧКАТА КУЛТУРА 428
14.4. ФУНКЦИИ НА ПОЛИТИЧКАТА КУЛТУРА 429
14.5. СТРУКТУРА НА ПОЛИТИЧКАТА КУЛТУРА 429
14.5.1. Политички вредности и сознанија 430
14.5.2. Политичка традиција, норми и модели на политичко поведение 431
14.5.3. Политички идеи и идеали 432
14.6. СУБЈЕКТИ НА ПОЛИТИЧКАТА КУЛТУРА 433
14.7. ТИПОЛОГИЈА НА ПОЛИТИЧКАТА КУЛТУРА 434
14.7.1. Елитистичка политичка култура 437
14.7.2. Глобална политичка култура 439
14.7.3. Цивилна култура 440
14.8. ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА И ПОЛИТИЧКА СТАБИЛНОСТ 443
14.9. ПОЛИТИЧКА СОЦИЈАЛИЗАЦИЈА 445
14.10. ПОЛИТИЧКА ТРАДИЦИЈА 446
14.11. ПОСТМАТЕРИЈАЛИЗАМ 447
14.12. ЈАВНО МИСЛЕЊЕ 449
14.12.1. Поим на јавно мислење 449
14.12.2. Преглед на позначајните дефиниции на јавното мислење 451
14.12.3. Основни карактеристики на јавното мислење 454
14.12.4. Компоненти на јавното мислење 455
15. ЛИТЕРАТУРА 457

Item Type: Book
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Political science
Divisions: Faculty of Tourism and Hospitality
Depositing User: Prof. d-r Jove Kekenovski
Date Deposited: 29 Apr 2023 06:58
Last Modified: 29 Apr 2023 06:58
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/8217

Actions (login required)

View Item View Item