9.1. POLITICKA PARTICIPACIJA NA LOKALNO NIVO

KEKENOVSKI, JOVE (2005) 9.1. POLITICKA PARTICIPACIJA NA LOKALNO NIVO. PRIRACNIK ZA GRADONACALNISITE I CLENOVITE NA SOVETITE NA OPSTINITE VO REPUBLIKA MAKEDONIJA, 1. pp. 117-124. ISSN ISBN 9989-2369-4-1

[thumbnail of ПРИРАЦНИК ЗЕЛС 1.jpg]
Preview
Image
ПРИРАЦНИК ЗЕЛС 1.jpg

Download (177kB) | Preview

Abstract

ВОВЕД
Облици на остварување на правото на граѓаните на локална самоуправа
Основна улога во остварувањето на правото на граѓаните на локална самоуправа во единиците на локалната самоуправа имаат самите граѓани. Тие се носители на сите облици на одлучување. Граѓаните го остваруваат правото на локална самоуправа преку два основни облика:
• посредно преку претставници во органите на локалната самоуправа и
• непосредно .
Во единиците на локалната самоуправа граѓаните непосредно и преку претставници учествуваат во одлучувањето за прашањата од локално значење, а особено во областите на јавните служби, урбанизмот и руралното планирање, заштита на околината, локалниот економски развој, локалното финансирање, комуналните дејности, културата, спортот, социјалната и детската заштита, образованието, здравствената заштита и во други области утврдени со закон .
Посредениот начин на одлучување се одвива преку демократски избрани претставници во органите на локалната самоуправа а непосредното учество на граѓаните во одлучувањето за прашањата од локално значење во единиците на локалната самоуправа се остварува преку граѓанска иницијатива, собир на граѓаните, референдум и други форми и облици зацртани со законите.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Political science
Divisions: Faculty of Tourism and Hospitality
Depositing User: Prof. d-r Jove Kekenovski
Date Deposited: 29 Apr 2023 06:58
Last Modified: 29 Apr 2023 06:58
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/8216

Actions (login required)

View Item View Item