KEKENOVSKI, JOVE (2005) 7.3 SOCIJALNA I ZADRAVSTVENA ZASTITA VO LOKALNATA SAMOUPRAVA VO REPUBLIKA MAKEDONIJA. PRIRACNIK ZA GRADONACALNISITE I CLENOVITE NA SOVETITE NA OPSTINITE VO REPUBLIKA MAKEDONIJA. pp. 95-102. ISSN ISBN 9989-2369-4-1
Preview |
Image
ПРИРАЦНИК ЗЕЛС 1.jpg Download (177kB) | Preview |
Abstract
Вовед
Социјалната сигурност на граѓаните на Република Македонија е издигната на уставно ниво. Во член 1 од Уставот на РМ стои дека Република Македонија е суверена, независна, демократска и социјална држава, со што на системот на социјална сигурност и е дадено високо место во системот на нејзините државни вредости. Во нашата држава социјалната сигурност на граѓаните се обезбедува преку системот на социјалното осигурување и социјалната заштита. Социјалното осигурување е систем на мерки, кој обезбедува осигурување од ризици: болест, мајчинство, старост, инвалидност, смрт, невработеност а се остварува преку системите на здравственото осигурување и здравствената заштита, системот на пензиско и инвалидско осигурување и систем на осигурување во случаи на невработеност. Социјалната заштита на граѓаните им обезбедува социјална помош и социјални услуги кога не се во состојба самостојно да ја остварат својата социјална сигурност. Овие системи во најголема мера се финансираат преку плаќање придонеси на платите на вработените.
Во текот на изминатите 10 години целиот политички, правен, економски, и социјален систем, значи и организацијата на социјалните служби критички се преиспитува и се развива една силна мобилизација за социјални реформи во склад со најдобрата пракса во ЕУ и светот. Во рамките на овие процеси последниве неколку години се афирмираат и активностите за деинституционализација.
Врз основа на Законот за социјална заштита се обезбедуваат услуги, мерки и активностите кои се одвиваат на повеќе подрачја и нивоа, и тоа како:
Социјалната превенција/ превземање мерки за спречување на настанување на социјален ризик за граѓанинот, семејството или групи на населението/преку едукативно-советувалишна работа , развивање на формите на самопомош, волонтерска работа;
Вонинституционална заштита/ прва социјална услуга (укажување на можни решенија); помош преку советодавна и советувалишна работа ; помош на семејството; домашна нега и помош; дневно згрижување; сместување во згрижувачко семејство)
Институционална заштита (право на оспособување за работно-производна активност и право на сместување во установа за социјална заштита)
Право на социјална заштита (постојна парична помош за лоца кои се неспособни за работа и социјално необезбедени, социјална парична помош за лица способни за работа и социјално необезбедени, паричен надоместок за помош и нега, право на здравствена заштита, надоместок на плата за скратено работно време поради нега на хендикепирано дете, еднократна парична помош или помош во натура и право на домување).
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Political science |
Divisions: | Faculty of Tourism and Hospitality |
Depositing User: | Prof. d-r Jove Kekenovski |
Date Deposited: | 29 Apr 2023 06:58 |
Last Modified: | 29 Apr 2023 06:58 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/8215 |
Actions (login required)
View Item |