БЕГАЛСКАТА КРИЗА КАКО ПРЕДИЗВИК ЗА ЕУ И РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

KEKENOVSKI, JOVE (2015) БЕГАЛСКАТА КРИЗА КАКО ПРЕДИЗВИК ЗА ЕУ И РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Меѓународната конференција на Македонското политолошко друштво: „Пост-комунизмот наспроти пост-демократијата: искуствата во регионот и во Македонија“, 1.

[thumbnail of БЕГАЛСКАТА КРИЗА КАКО ПРЕДИЗВИК ЗА ЕУ И РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА1.docx] Text
БЕГАЛСКАТА КРИЗА КАКО ПРЕДИЗВИК ЗА ЕУ И РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА1.docx

Download (50kB)

Abstract

Апстракт
Иако Европската Унија и поголем дел од меѓународната заедница проблемот со бегалците најнапред о виде како проблем на Сирија, а подоцна и како криза на Турција и соседните држави, сепак за кратко време на сите им стана мошне јасно дека бегалското прашање е глобална криза, криза што не може да се игнорира, а најмалку да се заборави. Војната во Сирија започна во 2011-та година и уште тогаш голем број од сириското население се исели во околните држави во камповите во Јордан, Либан, Турција, Египет. Како последица на геополитичките превирања на Блискиот исток и вмешувањето на Исламската држава, ситуацијата во Сирија пролетта 2013-та ескалираше, војната стана се побрутална, а бранот на бегалци стануваше се поинтензивен.
Земјите членки на Европската Унија како и земјите кандидат за членство во ЕУ се соочија со невиден бран на бегалци. Европа по однос на прашањето со бегалците е збунета и поделена. Во ЕУ не постои единствен европски систем за управување со границите, а досегашниот систем се покажа како крајно нефункционален. Обидите за разрешување на бегалската криза од страна на ЕК, на површина ја исфрли некооринираноста, различниот пристап како и недостатокот на взаемна доверба помеѓу земјите членки на унијата. Неможноста односно несакањето и неспремноста за препознавање на опасноста од бегалската криза од страна на одредени членки на ЕУ може да доведе до тектонски пореметувања не само на Западен Балкан туку и во цела Европа, вклучувајќи ја и Република Македонија која е соочена со опасноста бранот бегалци да предизвика сериозна безбедносна криза, иако хуманитараните и верско политичките импликации секојдневно ги чувствуваат граѓаните на оваа држава.
Сите овие случувања и недоследна политика на унијата, го покажа циничниот и непринципиелен однос на ЕУ во покажување лидерство во координацијата и менаџирање на актуелните проблеми и на мошне суптилен начин го елиминира принципот на солидарност и рамноправност на ЕУ. Неможноста и непостоењето на координација со јужниот сосед членка на ЕУ ја доведе Република Македонија состојбите да ги следи посредно и постфестум, а сето тоа на површина ја исфрли неподготвеноста на државата како од аспект на ресурси, така и од аспект на менаџирање за справување со ваквиот предизвик.
Клучни зборови: бегалци, бегалска криза, кризен менаџмент, лидерство, безбедносна криза, политички и религиозни консеквенции, геостратегија, асоцијација, стабилизација. ресурси

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Political science
Divisions: Faculty of Tourism and Hospitality
Depositing User: Prof. d-r Jove Kekenovski
Date Deposited: 28 Apr 2023 07:34
Last Modified: 28 Apr 2023 07:34
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/8203

Actions (login required)

View Item View Item