Andonovska-Trajkovska, Daniela (2022) Literary Criticism (Книжевно-критички читања). Association of Writers: Bitola's Literary Circle, Bitola. ISBN 978-608-4839-36-1
Text
Daniela_Andonovska_Trajkovska_KNIZEVNOKRITICKI_CITANJA_ZA_PECAT.pdf - Published Version Download (1MB) |
|
Image
Daniela A.T._Kn.kriticki citanja_korica (1).pdf Download (5MB) |
Abstract
РЕЦЕНЗИЈА ОД ПРОФ. Д-Р ВАСИЛ ТОЦИНОВСКИ
Книгата Книжевно-критички читања е нов
вредносен труд на Даниела Андоновска-Трајковска
(1979, Битола), поетеса, прозаистка, книжевна
критичарка и есеистка, авторка за деца,
преведувачка, закитена со престижната награда
Книжевен круг за книжевна критика на Битолскиот
книжевен круг. Модерниот поетски сензибилитет
со кој се каратектеризира нејзиниот богат поетски
опус ја впиша во првите челни редови во тековите
и резултатите на современата македонска поезија.
Во ова сегашно нејзино творечко време потврда за
тоа се интересот и пофалбите на читателите и
критиката, преводите на триесет и осум јазици
ширум светот, значајни домашни и странски
книжевни награди и признанија. Секој автор како
што забележавме има сопствено стожерно време,
та новата книга и наградата за АндоновскаТрајковска се потврда повеќе оти честа и
достоинството на убавината на пишаниот збор
дошле во вистински раце. Станува збор за авторка
што исполнува/осмислува долгорочна писателска
стратегија и секоја нејзина книга е проект што
претставува радост, книжевен празник за
консументите. Содржината на книжевнокритичките читања и вреднувања ја составуваат
петнаесет текстови. Средбата со нив носи возбуда,
знак за вреден естетски резултат, да се види и
сознае како еден поетски автохтон субјект го
исчитува, толкува и оценува пресоздавањето на
животот и светот во литература од перото на
другиот и кон другото. Во таа смисла авторката ја
идентификуваат неколку посебности кои точно го
профилираат нејзиниот европски карактер во154
дарбата од една и знаењето/умеењето од друга
страна.
Даниела Андоновска-Трајковска има
сопствен критериум и строга селекција на автори и
дела за кои се ангажира да пишува. Меѓу нив
посебно треба да се одбележи приврзаноста кон
битолските автори како продолжување на онаа
убава традиција од Доне Пановски и Радован П.
Цветковски за коренот и домот со кои секако
Битола не би го имала предзнакот на културна
метропола. Се испишуваат страници како анализи
или синтези за едно дело во кои теоретски се
разглобовуваат елементи од творечката
работилница (ликови и карактери, теми и мотиви,
јазик и стил, поетики). Она што постојано се
одвојува/нагласува се оригиналноста, убавината и
свежината обединети и трајно завештани како
естетска вредност. Секое дело извира и го одразува
сопствениот збор, простор и време прераснувајќи
или поточно создавајќи ги општочовечките,
универзални димензии на егзистенцијата. Она што
нам ни остава особен впечаток и сакаме тоа да го
забележиме како аргумент, е тоа оти
универзитетската професорка пишува читливо и
интиригантно создавајќи го кругот на своите
читателите без ограничувања на нивните
образовни и социјални принадлежности. Пишува
за автори кои се припадници на различни
генерации со сопствено време и книжевни побуди
и поетики, со теоретски знаење за книжевните
жанри, видови, родови и почитувајќи го трудот
завршува со јасни оценки за вредноста на делото и
неговите место и значење не само во опусот на
еден автор, туку и во мозаикот од вредности што ја
создаваат и афирмираат националната книжевност
како колективно меморирање во еден поширок
(европски и светски) културен простор.155
Внимателниот читател ќе забележи оти секој
наслов на книжевно-критичките читања на
Даниела Андоновска-Трајковска извонредно
прецизно потврдува кон кое теоретско прашање е
концентрирано толкувањето и вреднувањето на
еден автор и неговото дело како знак на
идентификација. Пишувајќи за книгата Отаде и
одавде времето на Радован П. Цветковски, том од
неговите избрани дела, со леснотија и знаење го
завршува текстот оти таа книга претставува
значаен исчекор во науката за книжевноста, но и
во лингвистиката, а дел и во методиката на
наставата по книжевност, за тоа што на едно
место се собрани значајни дела кои имаат
различна жанровска припадност. Токму поради
тоа, ова дело е мисловен предизвик и за
научниците и за проучувачите на делото на
Цветковски кои ќе заклучат дека тој е и поет и
книжевен критичар и книжевен историчар и
фолклорист, но и лингвист. Ни малку лесен
предизвик на кој професорката возвраќа со знаење
и леснотија. Автохтоноста во поетскиот испис на
Весна Мундишевска-Велјановска инспиративно се
толкува со семантиката на елементите: водата,
воздухот, земјата и огнот во постоењето и
реализацијата на зборот, човекот, времето и
просторот, додека животот – шепот на Ангела
Филовска се демонтстрира со метаморфозата на
поетското јас, а Никулци на утрините од Петко
Шипинкаровски на светлината од денот со
никулецот оксимирон на катадневието. Судбината
на откорнатикот испеана со пораката туѓи во
туѓина, туѓи на своето е формирана/стокмена во
лирска песна како естетски знак на душата во
творештвото на Панде Манојлов во стихозбирката
Прегрни го светот. Душата е вруток во која се
создава поетската реч со истекување на мислата и156
бранувањето на водата во Долините на душата кај
Кире Неделковски. Во тој круг на егзистенцијални
прашања е и суптилното за реченицата на Раде
Силјан во устата на јавето. Раскажувачката
постапка во поемите Крвави чукари од Богоја
Таневски и Од предците за потомците или
збратимени во името на своите предци од Зоран
Пејковски, е нова афирмација на критичарската
мисла со поемата како најуверлив естетски
резултат на македонската книжевност во втората
половина на деветнаесеттиот век чија епика и
денеска е вистински творечки предизвик за исказ
на многувековното македонствување.
Бескрајното сонување на детето и
создавањето нови приказни, искусниот и вреден
педагог Андоновска-Трајковска го гради со него
(детето) како рамноправен партнер за дијалог со
сказноликите и баснолики бајки Снаодливото
јаренце, Мечката и штракот и Зајко Бајко и
кучето Трајко од Златко Жоглев. Дводомните
писатели како една од доминантните теми во
литературата се посведочуваат во трите прилози за
Снежана Алексиќ Станојловиќ со префинетите
исчитувања за интертекстуалноста во поетскиот
код во книгите Орфеј и за македонско-српските
возбуди и вознеси со лирските есеистички записи
Тревките во тревата. Бугарската поетеса Вања
Ангелова во поемата Хераклеjа Линкестис
минатато/историјата и сегашноста/реалноста се
збогатени со посветени песни на македонски поети
и притоа гради мост од ѕуница кој ги поврзува
народите во единство на љубов, почит, доверба и
соработка. Поезијата во „Сезона на пелинот“ од
Љубинка Донева е во истовреме и апстрактна и
конкретна и евидентирачко документарна и
предвидувачка – забележува АндоновскаТрајковска во За пелинот и поленот, полнотијата157
на празното и горчливата страна на медот. Исто
така, за Борче Панов таа ќе каже дека неговата
поезија е универзална, динамична и драматична,
повеќеслојна, но и облагородувачка, бидејќи таа ги
хуманизира дехуманизираните човечки односи.
Токму поради тоа, тој повеќе децении успешно
опстојува на светската книжевна сцена.
Нашата приврзаност кон книгата Книжевнокритички читања на Даниела АндоновскаТрајковска е резултат токму во таа и таква градба
на убавините од мислата и зборот како вечна
убавина на единство и во чест на трудот како
единствена мера за човекот и неговиот живот.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Humanities > Languages and literature Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Other social sciences |
Divisions: | Faculty of Education |
Depositing User: | Prof. d-r Daniela Andonovska |
Date Deposited: | 23 Apr 2023 19:28 |
Last Modified: | 23 Apr 2023 19:28 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/8128 |
Actions (login required)
View Item |