Talevski Dimitrija, Jove (2011) Самооценување и оценување од соученици. In: Оценување за учење во 21 век, Охрид, Македонија.
Full text not available from this repository.Abstract
Концептите самооценување и оценување од соучениците се од суштинско значење во наставниот процес за унапредување на процесот на оценување воопшто. Еден од недостатоците на оценувањето на постигањата на учениците во нашата училишна практика е тоа што учениците не се вклучуваат или се вклучуваат во мала мера, често само формално во активностите на самооценување и на оценување од соученици. Самооценувањето и оценувањето од соучениците треба да се планирани и систематски процеси. Ученикот треба да се оспособи реално да ги проценува своите можности и само на тој начин самооценувањето и оценувањето од соученици стануваат фактори за развојот на личноста. Во трудот се акцентира потребата од активно вклучување на учениците во процесот на самооценување и на оценување од соученици за да се унапреди процесот на учење на учениците. Се претставуваат предностите и слабостите на овие два концепта во наставата, а истовремено, се укажува и на одредени техники и стратегии за нивно развивање во наставниот процес: самопрашување, дискусија со цел клас или со мала група, аналитичко-рефлексивни дневници, аналитички листи за самооценување и за оценување од соученици и сл. Партиципирањето на учениците во оценувањето на нивните постигања е императив на новото време, но истовремено и процес кој во голема мера зависи од поддршката и мотивираноста на наставникот за при фаќање на самооценувањето и на оценувањето од соученици и за нивна примена во наставата.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Educational sciences |
Divisions: | Faculty of Education |
Depositing User: | Prof. d-r Jove Talevski |
Date Deposited: | 14 Apr 2023 06:49 |
Last Modified: | 19 Apr 2023 11:34 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/8054 |
Actions (login required)
View Item |