Идентификација и специфичости во работата со математички таленти

Seweryn-Kuzmanovska, Marzanna and Chalamani, Sonja and Kotevska, Elena (2020) Идентификација и специфичости во работата со математички таленти. НАДАРЕНИТЕ И ТАЛЕНТИРАНИТЕ КРЕАТОРИ НА ПРОГРЕСОТ. ВТОРА ИНТЕРНАЦИОНАЛНА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА.. ISSN 159.928.22:37. 015(063)

[thumbnail of Идентификација.pdf] Text
Идентификација.pdf

Download (2MB)

Abstract

Во образовниот систем на една земја, работата со талентирани ученици, а
посебно талентирани ученици по математика, се смета за многу важна негова
компонента. Стимулирањето на талентираните ученици е најдобра инвестиција на
едно општество, затоа што плодовите од таквата работа придонесуваат за негов
напредок. Бидејќи талентот не е само „дар од боговите“, т.е. не е само резултат на
наследната еволуција на човекот, туку е многу работа и постојан развој на личноста,
затоа во овај труд ставен е посебен акцент на раната идентификација на
талентираните ученици, начинот на нивно препознавање и негување на нивниот
математички талент и работата со таквите ученици. Наставникот има можност да ги
споредува и да ги препознава учениците кои квантитативно и квалитативно побрзо
напредуваат во споредба со нивните врсници. Постапката за пронаоѓање на
талентирани ученици по математика е насочена кон оние специфични карактеристики
по кои овие ученици се разликуваат од нивните врсници. Карактеристики на таквите
ученици се: изразито добар училишен успех, научна метода на мислење, супериорна
интелектуална способност, неограничена љубопитност, креативност и оригиналност.
Многу важна работа е мотивацијата на овие ученици со стипендии, учество на
меѓународни и домашни натпревари, членување во меѓународни организации.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Natural sciences > Mathematics
Divisions: Faculty of Education
Depositing User: Prof. d-r. Sonja Calamani
Date Deposited: 10 May 2023 07:43
Last Modified: 10 May 2023 07:43
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/8000

Actions (login required)

View Item View Item