Gruevski, Dragan and Cvetkovska, Mirjana (2012) ОРГАНИЗАЦИСКАТА КУЛТУРА НА ПРОМЕНИ ВО ФУНКЦИЈА НА ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА КОНКУРЕНТНОСТ. In: ПРВАТА МЕЃУНАРОДНА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА „СОВРЕМЕНИТЕ МЕНАЏЕРСКИ ПРЕДИЗВИЦИ И ОРГАНИЗАЦИСКИТЕ НАУКИ“, 21 -22, Juni, 2012, БАС ИНСТИТУТ ЗА МЕНАЏМЕНТ - БИТОЛА.
Text
ОРГАНИЗАЦИСКАТА КУЛТУРА НА ПРОМЕНИ ВО .pdf Download (746kB) |
Abstract
Веќе од поодамна, својата конкурентност, голем дел од организациите во светот ја
градат – во дел, ако не и целосно, преку организациските политики повразни со
менаџирањето на т.к.н. ,,меки,, делови на организацијата. Моделите кои ја разработуваат
структурата на вредноста на организацијата сосема јасно го конкретизираат сето тоа.
Уште повеќе, моделирани се исто така и процесите на интеракциско создавање на
вредноста, во кои се потенцира директната меѓузависност, повторно со други ,,меки,,
елементи, но сега надвор од структурата на организацијата, со корисниците.
Понатаму, исто така, теоријата јасно ги дефинира организациската клима – култура
и лидерството, како ,,двете страни на иста медаља,,. Моделите и концептите и во однос на
овие прашања се многубројни и постојат. Па затоа, оттука, би си го поставиле прашањето
за оправданоста и смислата на уште еден истражувачки труд во оваа област?!
Ние, неговата актуелност и оправданост ја црпиме имајќи ги во вид последните
наши истражувања спроведени во земјава, а кои се поврзани со предметните поими за кои
зборуваме (лидерство, индивидуални вредности, ставовите, иновативноста), и кои
недвосмислено укажуваат дека не постојат битни промени во свеста на оние кои во
Р.Македонија, или поточно во еден нејзин географски дел, менаџираат и стопанисуваат и
веројатно и самите секојдневно размислуваат за ,,зголемување на конкурентската
предност,, на својата компанија.
Значи, во трудот ќе се изнесат дел од релевантните и доволно податливи
информации од скорешни истражувања, кои ќе послужат како рамка за интерпретација на
директните мерења на важната варијабла на промените и развојот на секоја организација,
препозната во ,,ставот кон промените,, утврден кај повеќе од 150 лидери (директори,
управители, раководители, менаџери) од приватни и јавни организации, институции и
фирми од Југозападна Македонија.
Клучни зборови: организациска култура на промени, лидерство, конкурентност
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Other social sciences |
Divisions: | Faculty of Information and Communication Technologies |
Depositing User: | Prof. d-r. Dragan Gruevski |
Date Deposited: | 19 Apr 2023 11:14 |
Last Modified: | 19 Apr 2023 11:14 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/7996 |
Actions (login required)
View Item |