Vasilevska, Nevenka and Gruevski, Dragan (2016) ОРГАНИЗИРАНОСТА И ФУНКЦИОНИРАЊЕТО НА ОДДЕЛИТЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ ВО ОРГАНИЗАЦИИ ОД ЈАВНИОТ СЕКТОР ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. In: SECOND INTERNATIONAL SCIENTIFIC-BUSINESS CONFERENCE LIMEN 2016, Hotel Moskva, Belgrade, Serbia.
Text
ORGANIZATION AND OPERATION OF SECTIONS OF HUMAN RESOURCES .pdf Download (596kB) |
Abstract
Областа на управување со човечките ресурси е многу актуелна тема во
последниве години поради фактот што самите тие се двигател на сите останати
ресурси во организацијата. Притоа, фактот за постоење на обидите за директно
пресликување на концептот на менаџментот со човечки ресурси од
организациите од приватниот во организациите во јавниот сектор не уверува на
донесените заложби од страна на највисоките државни власти во Република
Македонија. Меѓутоа, моменталната состојба и реалните потреби во
разгледувањето на одделите за управување со човечки ресурси во јавниот сектор
се сосема поинакви. Последната имплементација на Уредбата на Владата за
воведување на концептот на МЧР во сите органи и тела од администрацијата е
воведена во 2007 година, што значи дека поминал доволно долг период. Во таа
насока, овој труд цели кон утврдување на состојбата на поставеност,
екипираност и функционирање на секторот за управување со човечки ресурси,
детектирање на пречките во имплементирањето на Уредбата на Владата од 2007
година и предлагање на идеи за нивно надминување. Воедно, дескриптивно е
опишана постапката на функционирање и систематизација на одделите за
управување со човечки ресурси во јавната администрација, а во заклучните
согледувања и се сублимирани најбитните сознанија до кои се дошло во текот на
истражувањето. Секако, се отвора и простор за поинтензивна научноистражувачка работа во оваа област за во иднина и проширување на добиените
резултати.
Клучни зборови: управување со човечки ресурси, јавен сектор, оддели за
управување со човечки ресурси
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Other social sciences |
Divisions: | Faculty of Information and Communication Technologies |
Depositing User: | Prof. d-r. Dragan Gruevski |
Date Deposited: | 19 Apr 2023 11:13 |
Last Modified: | 19 Apr 2023 11:13 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/7994 |
Actions (login required)
View Item |