Todorovski, Aleksandar (2012) SYSTEM OF PERMANENT EDUCATION OF THE ADMINISTRATIVE STAFF IN EDUCATIONAL INSTITUTIONS / СИСТЕМ НА ПЕРМАНЕНТНО ОБРАЗОВАНИЕ НА АДМИНИСТРАТИВНИОТ КАДАР ВО ОБРАЗОВНИТЕ УСТАНОВИ. Masters thesis, University “St. Kliment Ohridski”.
Text
M-r final 15_06_2012 СКРАТЕНА ЗА ОБЈАВА ВО ЕПРИНТС.pdf Download (2MB) |
Abstract
Abstract
Permanent education (or even called Lifelong learning) is a continuous process of personal and professional development and improvement of employees’ performance in order to accomplish high quality in their tasks. It should encourage the administrative staff of (higher) education institutions to invest in themselves continually, to improve the interaction and communication skills, abilities and competences, professional ethics and motivation for effective performance at work and to build a career system in order to deliver quality of their services they provide to users.
Once the (higher) education institutions create conditions for all or at least most of the administrative staff becomes involved in all administrative and technical processes and introduce a system of permanent education for the administrative staff, then they will feel their work as part of themselves and they develop a sense of commitment towards work and responsibility thereof, a sense of pride which is a guarantee for the overall success of the institution and the University.
The subject of the thesis is an examination and determination of statements on quality of the of the performance of the administrative staff of education institutions through the level of agreement on introducing a system of permanent education and improvement of their skills, abilities and competencies such as communicational, organizational, information and technological, emotional, research skills, writing reports, good behavior, time management, communication with the media and so on.
The purpose of the thesis is to provide a system of permanent education of administrative staff of educational institutions of the University "St. Kliment Ohridski"-Bitola which is necessary to apply in order to achieve improvement and strengthening of future strategic directions of the University in relation to human resources.
Keywords: system, permanent education, administrative staff, (higher) education institutions, university, University units
Апстракт
Перманентното образование (или уште наречено Lifelong leаrning) претставува континуиран процес на лично и стручно оспособување и усовршување на перформансите на вработените, со цел квалитетна реализација на своите работни задачи. Тоа треба да го поттикнува административниот кадар во (високо)образовните установи постојано да вложуваат во себе, односно во подобрување на интеракцијата и комуникацијата, вештините, способностите и компетенциите, професионалната етика и мотивираноста за ефективно извршување на работата и градењето на систем на кариера во работата, со цел квалитетна реализација на нивните услуги кои им ги даваат на корисниците.
Кога самите (високо)образовни установи ќе создадат услови сите или барем поголем дел од административниот кадар да биде вклучен во сите административно-технички процеси, кога ќе воведат систем за перманенетно образование на административниот кадар, тогаш тие ќе чувствуваат дека тоа што го работаат е дел од нив, тогаш се создава чувство на посветеност кон работата и одговорност од истата, чувство на гордост и само тогаш целокупниот успех самата установа и Универзитетот воопшто ќе биде загарантиран.
Предмет на магистерскиот труд е испитување и утврдување на исказите за квалитетот на работата на административниот кадар во образовните установи преку степенот на согласност за воведување на систем за перманентно образование и подобрување на нивните вештини, способности и компетенции, како што се: комуникациски, организациски, информатичко-технолошки, емоционални, истражувачки вештини, пишување на извештаи, убаво однесување, управување со времето, комуникација со медии и сл.
Цел на магистерскиот труд е да понуди еден систем за перманентно образование на административниот кадар во образовните установи, односно на Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола кој е потребен да се применува за подобрување и зацврстување на идните стратешки насоки на Универзитетот во делот на човечките ресурси.
Клучни зборови: систем, перманентно образование, административен кадар, (високо)образовни установи, универзитет, единици на Универзитетот
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Educational sciences |
Divisions: | Rectorate |
Depositing User: | M.Sc Aleksandar Todorovski |
Date Deposited: | 25 Apr 2023 06:26 |
Last Modified: | 25 Apr 2023 06:26 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/7903 |
Actions (login required)
View Item |