Rajkovcevski, Rade (2008) „Поврзаноста на организираниот криминал, корупцијата и перењето пари [Relationship between Organized Crime, Corruption and Money Laundering]”, in Macedonian. In: Almanac of the first-generation students on postgraduate studies of the Faculty of Security (former Police Academy). Faculty of Security-Skopje, Skopje, Macedonia, pp. 239-253.
Full text not available from this repository.Abstract
Следејќи ги случувањата кои се составен дел од општествата во транзиција, појавите на организиран криминал, корупција и перење на пари се неизбежни елементи во кој се вклучени структури на власта и одредени моќници кои ги уживаат благодетите на многу слабо оформените законски системи или пак непостоењето на законските регулативи во правниот систем.
Некогаш и самите држави немаат јасни стратегии и одбрамбени механизми за борбата и справувањето со овие појави, па затоа останува само објективната проценка на јавноста и интитуционалните субјекти за фактот дали постојат форми на организиран криминал, корупција и перење на пари во една држава или во некој нејзин елемент. Токму тоа е причина за омасовување на овие феномени кој имаат земено голем замав во државите во целиот свет, но нивната манифестација и постоење трпи разни степени на развој и присуство во различни држави и региони од светот.
Погоре споменав земјите во транзиција, од едноставна причина што повеќе би се задржал на оваа категорија на држави бидејќи Република Македонија спаѓа во неа. Врз основа на една типологија на настаните кои се случуваа од нашето осамостојување, пропратено со промена на општествениот систем до денес сметам дека е добра основа за анализирање на појавните форми И консеквенците кои тие ги оставаат во општеството.
Преку овој труд се надевам дека анализирајќи ги факторите и условите под кои доаѓа до појава на овие облици ќе дојдеме до некои нови сознанија од оваа сфера, но секако во голем дел и ќе ги потврдиме фактите до кои дошле низа автори и институции кои делуваат во оваа област.
Темата е доста инспиративна затоа што секојдневно се соочуваме со низа примери и случаи кои преку својот медуимски публицитет битно влијаат на атмосферата во државата. Таквото манифестирање непосредно делува врз националното и меѓународното законодавство кое добива порозен карактер пред немоќта да се спротистави на овој феномен, а исто така го допира и граѓанинот како жртва на корумпираноста и неспособноста на власта за елеминација на овие појави.
Item Type: | Book Section |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Political science Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Other social sciences |
Divisions: | Faculty of Security |
Depositing User: | Prof. Dr. Rade Rajkovchevski |
Date Deposited: | 11 Nov 2022 08:21 |
Last Modified: | 13 Nov 2022 12:10 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/7344 |
Actions (login required)
View Item |