Градење безбедносна политика: случајот на Република Македонија [Security Policy Building: The Case of the Republic of Macedonia], in Macedonian

Rajkovcevski, Rade (2014) Градење безбедносна политика: случајот на Република Македонија [Security Policy Building: The Case of the Republic of Macedonia], in Macedonian. Konrad Adenauer Stiftung - Macedonia Office & Faculty of Security-Skopje, Skopje, Macedonia. ISBN 978-608-4532-39-2

[thumbnail of MK - kas_36931-1522-2-30.pdf] Text
MK - kas_36931-1522-2-30.pdf - Published Version

Download (1MB)

Abstract

Трудот се осврнува на влијанието на евроатлантските
интегративни процеси врз безбедноста на земјата, на
состојбата на меѓуетничките односи и на перцепцијата на
граѓаните за заканите по безбедноста и по стабилноста
на Република Македонија. Во фокусот се: политиката
на внатрешна безбедност, одбранбената безбедносна
политика и надворешната безбедносна политика, како
клучни елементи на безбедносната политика, во кои треба
да се вградат механизмите за превенција на меѓуетнички
конфликт, за решавање на политичките кризи поврзани со
националните интереси и за надминување на безбедносните
импликации од блокираните евроатлантски интеграции.
Во трудот неслучајно се врши вкрстување на безбедносната
политика со превенцијата на конфликти. Особено се
анализира примената и квалитетот на инструментите
за спречување конфликти во Република Македонија
иницирани од меѓународната заедница по вооружениот
конфликт во 2001 година коишто се вградени во Охридскиот
рамковен договор.
Концептот на трудот се темели на претпоставката дека
концептот за национална безбедност не ги допира во
целост суштинските прашања за безбедноста во Република
Македонија. Затоа, тргнувајќи од законската рамка преку
експертиза и практични искуства, се препознава сето
она што досега е направено во Република Македонија во
областа на безбедносната политика. Препораките упатени
до субјектите задолжени за создавање на националните
безбедносни политики се во корелација со безбедносните
политики на земјите од трансатлантската безбедносна
заедница и на меѓународните организации.

Item Type: Book
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Political science
Divisions: Faculty of Security
Depositing User: Prof. Dr. Rade Rajkovchevski
Date Deposited: 27 Oct 2022 12:10
Last Modified: 13 Nov 2022 12:11
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/7282

Actions (login required)

View Item View Item