Bogdanoska Jovanovska, Mimoza and Tanuseva, Iskra (2020) Борбата против COVID-19 во Битола и збратимените градови со општина Битола. Центар за локални иницијативи Битола Center for local Initiatives - Bitola.
Text
БОРБА ПРОТИВ COVID-19 ВО БИТОЛА И ЗБРАТИМЕНИТЕ ГРАДОВИ СООПШТИНА БИТОЛА.pdf Download (1MB) |
Abstract
Битола и збратимените градови со Општина Битола во 2020 година се соочија и сеуште се
соочуваат со исклучително голем проблем, опасен по здравјето и животот на граѓаните, а
тоа е појавата на коронавирусот Ковид-19.
Градовите и државите во Европа и светот немаа искуство со соочувањето и борбата
против Ковид-19, таа борба се одвиваше и се одвива на различен начин и со различни
резултати. Проблемот е актуелен, а според нашиот истражувачки тим, со нови релевантни
информации може да им се помогне на граѓаните како целна група, и секако институциите
во градот кои секојдневно се справуваат со актуелната пандемија.
Тимот експерти истражувачи од нашата организација и со ангажман на нашите
соработници,истражи и ги прави достапни за локалната самоуправа, методите и начините
на борба против Ковид-19 во дел од збратимените градови: Епинал (Франција), Херцег
Нови (Црна Гора), Крањ (Словенија), Осиек (Хрватска) и Општина Стари Град во Белград
(Србија), избрани со самопроценка на истражувачкиот тим.
Со реализација на овој проект освен реални и точни информации врзани со начините на
борба против Ковид-19, истражувачите посочуваат на предностите и слабостите покажани
во таа борба, спроведени заклучно со 30.11.2020 година, кога истражувачкиот процес го
завршивме. Извештајот содржи и предлози за преземање на идни активности во борбата
со Ковид-19, како резултат на наоѓањата при спроведеното истражување.
Но, истражувањето не е завршено, ние не запревме, затоа што пандемијата е сеуште актуелна.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Other social sciences |
Divisions: | Faculty of Information and Communication Technologies |
Depositing User: | Prof. dr. Mimoza Bogdanoska Jovanovska |
Date Deposited: | 26 Sep 2022 17:24 |
Last Modified: | 26 Sep 2022 17:24 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/7142 |
Actions (login required)
View Item |