Какви се ефектите на минималната плата врз вработеноста во РС Македонија?

Nikoloski, Dimitar (2022) Какви се ефектите на минималната плата врз вработеноста во РС Македонија? Економија и бизнис (281). pp. 50-53. ISSN 1409-6781

[thumbnail of minimaln plata 01 2022.pdf] Text
minimaln plata 01 2022.pdf

Download (2MB)

Abstract

Покачувањето на минималната плата е секогаш поврзано со предупредувања од страна на работодавците дека таквиот потег би предизвикал згаснување на работни места. Овогодинешната Нобелова награда за економија е доделена на Дејвид Кард за неговиот придонес заедно со Алан Кругер во ревизијата на оваа перцепција. Имено, пред Кард и Кругер постоеше верување дека зголемување на минималната плата би чинело работни места т.е. работодавците би немале доволно приходи за да зачуваат доволно голем број вработени. Во нивниот влијателен труд „Минималната плата и вработувањето: Студија на случај за индустријата за брза храна во Њу Џерси и Пенсилванија“ од 1994 година, Кард и Кругер истражиле еден „природен експеримент“ од 1992 година кога државата Њу Џерси ја зголемила минималната плата на највисоко ниво во САД (5,05 долари), додека соседната држава Пенсилванија тоа не го сторила задржувајќи го претходнот ниво на минимална плата (4,25 долари). Истражувањето на Кард и Кругер се однесувало на вработените во индустријата за брза храна на двете страни од границата меѓу овие две држави, со оглед на фактот што рестораните за брза храна вработувале многу работници за минимална плата. Тие анкетирале околу 400 ресторани во двете држави со цел да утврдат дали постоела разлика во промената на бројот на работници во градовите кои биле на мала оддалеченост но, се разликувале во однос на промената на минималната плата.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Efp Eprints
Date Deposited: 20 Sep 2022 07:57
Last Modified: 20 Sep 2022 07:57
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/7125

Actions (login required)

View Item View Item