Seweryn-Kuzmanovska, Marzanna and Chalamani, Sonja and Kotevska, Elena Идентификација и специфичости во работата со математички таленти. НАДАРЕНИТЕ И ТАЛЕНТИРАНИТЕ КРЕАТОРИ НА ПРОГРЕСОТ. ВТОРА ИНТЕРНАЦИОНАЛНА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА.. ISSN 159.928.22:37. 015(063)
Full text not available from this repository.Abstract
Во образовниот систем на една земја, работата со талентирани ученици, а
посебно талентирани ученици по математика, се смета за многу важна негова
компонента. Стимулирањето на талентираните ученици е најдобра инвестиција на
едно општество, затоа што плодовите од таквата работа придонесуваат за негов
напредок. Бидејќи талентот не е само „дар од боговите“, т.е. не е само резултат на
наследната еволуција на човекот, туку е многу работа и постојан развој на личноста,
затоа во овај труд ставен е посебен акцент на раната идентификација на
талентираните ученици, начинот на нивно препознавање и негување на нивниот
математички талент и работата со таквите ученици. Наставникот има можност да ги
споредува и да ги препознава учениците кои квантитативно и квалитативно побрзо
напредуваат во споредба со нивните врсници. Постапката за пронаоѓање на
талентирани ученици по математика е насочена кон оние специфични карактеристики
по кои овие ученици се разликуваат од нивните врсници. Карактеристики на таквите
ученици се: изразито добар училишен успех, научна метода на мислење, супериорна
интелектуална способност, неограничена љубопитност, креативност и оригиналност.
Многу важна работа е мотивацијата на овие ученици со стипендии, учество на
меѓународни и домашни натпревари, членување во меѓународни организации.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Natural sciences > Mathematics |
Divisions: | Faculty of Education |
Depositing User: | Prof. d-r. Elena Kotevska |
Date Deposited: | 16 Sep 2022 09:06 |
Last Modified: | 16 Sep 2022 09:06 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/6983 |
Actions (login required)
View Item |