Trajkov, Aleksandar and Marinoski, Naume and Andreeski, Cvetko (2019) Анализа на економскиот импакт на туризмот во Општина Охрид (Analyze of the Economic Impact of Tourism in Municipality of Ohrid). Project Report. Municipality of Ohrid, Ohrid.
Full text not available from this repository.Abstract
Современите тенденции во развојот на туризмот покажуваат дека тој е е еден од најзастапените развојни чинители. Неговиот импакт се одразува на севкупниот економски и општествен домен. Тој преку зголемувањето на бројот на туристи кои се вклучуваат во оваа дејност и остварените приходи во неа, како од и од појавата на нови форми на услуги го определува развој на стопански и нестопански дејности. Влијанието на се поширокиот фронт на туристички баратели на услуги има влијание на создавање на нови туристички содржини како дел од туристичката понуда на Охрид. Охрид претставува синоним на туризмот не само во национални туку и меѓународни рамки. Клучна улога во овој поглед претставуваат економските придобивки од развојот на туризмот. Тие се фактор во оваа дејност да се вклучи се поголем број на даватели на услуги кои, овозможувајќи им економски придобивки дополнително ги стимулира да посегна кон нови кавантитативни и квалитативни туристички производи
и поединечни услуги. На тој начин Охрид се определува како препознатлива дестинација во која економските придобивки имаат нагласен карактер. На овој начин тој го реокупира вниманито на пошироките туристички баратели на услуги кон нови туристички содржини, што води кон континуирано подобрување на економскиот одраз на туризмот во оваа туристичка дестинација. Економскиот импакт се изразува во
креирање на современи активности и рационално користење на просторните, културните и човечките ресурси. Ова влијание претставува основа на поврзаноста на различните даватели на услуги чинителите кои и одговараат на се пософистицираната
туристичка побарувачка. На тој начин економскиот имапакт има позитивни одрази во настапот на туристичкиот пазар и ширењето на неговите граници. Општината Охрид е во состојба да ги следи позитивните примери во обезбедувањето на подобрени економски резултати. Економското влијание пак овозможува да се, унапредат, развијат и афирмираат извонредните потенцијали кои не се доволно искористени. Туристичката потрошувачка овозможува ефектите да ги почувствува економијата на во различните сектори во општина Охрид.
Item Type: | Monograph (Project Report) |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business |
Divisions: | Faculty of Tourism and Hospitality |
Depositing User: | Prof. d-r Aleksandar Trajkov |
Date Deposited: | 23 Apr 2022 15:00 |
Last Modified: | 23 Apr 2022 15:00 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/6968 |
Actions (login required)
View Item |