Mojsovska Salamovska, Snezana (2020) Реконфигурација на хиерархијата на потреби во новата социо-економска реалност и импликации врз конкурентноста на локалните компании и брендови. In: Македонската економија во изолација, Економски факултет Скопје, Универзитет "Св. Кирил и Методиј"At: Скопје, Република С. Македонија, May 2020, Skopje, North Macedonia.
Text
Diskusija tekst_Snezana Mojsovska Salamovska .doc Download (33kB) |
Abstract
Реконфигурација на хиерархијата на потреби во новата социо-економска реалност и импликации врз конкурентноста на локалните компании и брендови
Импликациите од корона-кризата во овој краток период само се насетуваат, а во иднина ќе се манифестираат се’ посилно, во сите социо-економски сфери. Хиерархијата на потреби добива инверзен облик, на врвот доаѓаат базичните потреби, повисоките нивоа на потреби нагло го губат приоритетот, а се менуваат и моделите на однесување на потрошувачите, во поглед на категориите на производите и брендовите кои што ги перцепираат како потребни.
Во настојувањето да ги амортизираат иницијалните шокови, кај компаниите постои реална опасност да го изгубат од вид стратегискиот хоризонт. Во отсуство на стратегиско размислување, и фокусирање исклучиво на акутните краткорочни проблеми, локалните компании би можеле да направат пропусти кои што на долг рок би имале несогледливи последици.
Исправени пред дилемата – имплементирање на генерички стратегии на ниски трошоци, или градење на одржливи брендови преку диференцирање, компаниите би можеле да се доведат во крајно неповолната ситуација stuck in the middle. Силните глобални брендови, пак, за кои што е својствено стратегиското размислување и однесување, многу побрзо ќе се консолидираат и адаптираат, што претставува голема опасност за кревките локални компании и брендови, на кои што поради недостигот од средства, супериорни компетенции и сл., им се заканува опасна надолна спирала.
Во новата реалност, шанси за успех имаат само најадаптабилните компании, кои што брзо ќе реагираат, и ќе ги усогласат краткорочните со стратегиските приоритети.
Во овој контекст, извонредно е важно навременото и симултано преземање на мерки, како на макроекономско, така и на микроекономско ниво.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Prof Snezana Mojsovska Salamovska, PhD |
Date Deposited: | 08 May 2023 10:01 |
Last Modified: | 08 May 2023 10:01 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/6869 |
Actions (login required)
View Item |