Action Research for Inclusive School Culture/ АКЦИСКИ ИСТРАЖУВАЊА ЗА ИНКЛУЗИВНА УЧИЛИШНА КУЛТУРА

Iliev, Dean (2022) Action Research for Inclusive School Culture/ АКЦИСКИ ИСТРАЖУВАЊА ЗА ИНКЛУЗИВНА УЧИЛИШНА КУЛТУРА. Other. Фондацијата Отворено општество-Македонија и Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“- Македонија, Skopje.

[thumbnail of Akciski-istrazuvanja-za-inkuzivna-ucilisna-kultura.pdf] Text
Akciski-istrazuvanja-za-inkuzivna-ucilisna-kultura.pdf - Published Version

Download (3MB)

Abstract

Современото училиште своето напредување го гледа низ призмата на промената. Секој
раководител на училиштето, секој наставник и стручен соработник, но и секој вработен и
ученик своето место во училишната заедница ќе го заслужи доколку се зафати со раководење
со промената одвнатре, потпирајќи се на сопствените компетенции и на контекстот во кој се
случува учењето и поучувањето. Посебно значајна сила на промената која доаѓа од праксата дава
меѓусебното почитување на вработените, самокритиката и рефлексивното делување на секој
вработен во училиштето. Акциските истражувања се алатка која ја зголемува моќта на директорот
да раководи со училиштето, ги подобрува капацитетите за поучување и учење на наставникот, но
ги мобилизира, цени и почитува силата и карактеристиките на секој ученик во процесот на учење и
партиципација во носењето одлуки. Во овој труд се презентирани вредности и карактеристики на
акциските истражувања кои можат да бидат земени предвид при раководењето на инклузивното
училиште и реализација на инклузивна настава. Акциските истражувања во трудот се опишани
како автентични, оригинални, контекстуални и адекватни активности на директорот, наставниците,
стручните служби и учениците во насока на креирање одржливи и прифатливи решенија за
живеење, работење и учење во инклузивна училишна средина. Трудот потенцијално може да се
користи како водич за дизајнирање на акциски истражувања, како што е тоа случај со акциските
истражувања кои се претставени во продолжение.

Item Type: Monograph (Other)
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Educational sciences
Divisions: Faculty of Education
Depositing User: Prof. d-r Dean Iliev
Date Deposited: 25 May 2022 09:06
Last Modified: 25 May 2022 09:06
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/6865

Actions (login required)

View Item View Item