ЗА НЕКОЛКУ ЛЕКСИЧКИ ГАЛИЦИЗМИ ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

Nikolovski, Zoran ЗА НЕКОЛКУ ЛЕКСИЧКИ ГАЛИЦИЗМИ ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК. In: ТРКАЛЕЗНА МАСА „ДЕЛОТО НА КОНЕСКИ – ПОСТОЈАН ИЗВОР НА ИСТРАЖУВАЊА ВО НАУКАТА ЗА ЈАЗИКОТ, ЛИТЕРАТУРАТА И КУЛТУРАТА“, 01.06.2021, Битола. (Unpublished)

[thumbnail of Za nekolku leksicki galicizmi vo makedonskiot jazik.pptx] Slideshow
Za nekolku leksicki galicizmi vo makedonskiot jazik.pptx

Download (969kB)

Abstract

Силното влијание на францускиот јазик и култура низ вековите доведува до навлегување и присуство на зборови што потекнуваат од францускиот јазик (галицизми) во многу јазици во светот. Исто така, и во македонскиот јазик забележана е употреба на околу 2000 галицизми. Нивното присуство се должи на силното влијание и престижот на францускиот јазик и култура во трговијата, дипломатијата и образованието до првата половина на 20 век. Во битолскиот говор се забележува поголема употреба на лексичките галицизми во однос на другите дијалекти на македонскиот јазик. Ова е резултат на силното влијание на францускиот јазик и култура во Битола како високо урбана средина кон крајот на 18 и во текот на целиот 19 век. Целта на овој труд е да ја утврди современата употреба на неколку лексички галицизми кои се типични за овој дијалект (ангаже, гри, портманто, стило, тимон), како и на неколку други кои се присутни во современиот македонски јазик (емајл, клошар, портмоне, салон). Врз основа на резултатите од истражувањето, се потврдува нивната употреба во современиот македонски јазик, односно во битолскиот градски говор. Притоа, галицизмите добиваат семантичка екстензија или ново значење. Исто така, се потврдува и ограничената географска употреба на „битолските лексички галицизми“ кои постепено радијално се шират од градот Битола кон соседните населени места. Нивната употреба се намалува правопропорционално со географската оддалеченост од Битола и тие се отсутни во останатите македонски дијалекти.

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Uncontrolled Keywords: лексички галицизми, македонски јазик, битолски градски говор
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Prof. d-r Zoran Nikolovski
Date Deposited: 15 Sep 2022 10:17
Last Modified: 15 Sep 2022 10:17
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/6834

Actions (login required)

View Item View Item