ПРОУЧУВАЊА И ИСТРАЖУВАЊА ВО ВРСКА СО ЕФИКАСНОСТА НА ЕКСПЛИЦИТНАТА И ИМПЛИЦИТНАТА НАСТАВА ПО ГРАМАТИКА

Prodanovska-Poposka, Vesna and Koceva, Vesna (2019) ПРОУЧУВАЊА И ИСТРАЖУВАЊА ВО ВРСКА СО ЕФИКАСНОСТА НА ЕКСПЛИЦИТНАТА И ИМПЛИЦИТНАТА НАСТАВА ПО ГРАМАТИКА. Knowledge- Intrnational Journal, 30 (5). pp. 1085-1352. ISSN ISSN 1857-923X

[thumbnail of Koceva, Poposka- Knowledge RESEARCH STUDIES COMPARING THE EFFECTIVENESS OF EXPLICIT AND.pdf] Text
Koceva, Poposka- Knowledge RESEARCH STUDIES COMPARING THE EFFECTIVENESS OF EXPLICIT AND.pdf

Download (968kB)

Abstract

Во овој труд се претставуваат дел од истражувањата коишто се направени со цел да се утврди која настава по граматика е поефикасна ‒ дали експлицитната или имплицитната. На почетокот се дискутира за комплексноста на прашањето и за непостоењето на општоприфатен заклучок од страна на научниците во врска со ефикасноста на експлицитната и имплицитната настава по граматика. Во продолжение на трудот
хронолошки се наведуваат најзначајните студии, истражувања, резултати и заклучоци кои се посветени на оваа проблематика. Авторите на цитираните истражувања си поставуваат за цел да се утврди дали постои супериорност на едниот пристап во однос на другиот при изучување на англискиот, францускиот,
шпанскиот, германскиот и италијанскиот јазик како странски јазик. Во трудот ги резимираме резултатите од различни студии кои ги споредувале имплицитната и експлицитната настава по граматика, а коишто се направени во периодот од 1990 година до 2010 година. Се разгледуваат истражувања кои се направени со цел да се најде одговор на многу дискутабилни прашања, како на пример: „Дали експлицитните граматички објаснувања и коригираната повратна информација од страна на наставникот влијаат врз подобрувањето на
граматичкото знаење?“; „Дали експлицитните објаснувања имаат значајна улога во развојот на јазичните и комуникативните компетенции?“; „Дали учениците граматички поточно се изразуваат ако им се овозможи експлицитна настава придружена со поправање на грешките?“; „Дали изложеноста на инпут и
комуникативните интеракции се доволен услов за постигнување на високо ниво на знаење на странскиот јазик?“; „Дали експлицитните граматички објаснувања имаат продолжителен позитивен ефект, односно дали експлицитното знаење го олеснува процесот на употреба и на имплицитно усвојување на една иста структура?“; „Како експлицитните граматички објаснувања и поправањето на грешките влијае при
изразувањето на странскиот јазик?“ итн. Во завршетокот на трудот се дискутира за резултатите и заклучоците од наведените истражувања.
Клучни зборови: експлицитна настава, усвојување, странски јазик, имплицитна настава, граматика.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Biotechnical Sciences
Depositing User: Prof. d-r Vesna Prodanovska
Date Deposited: 03 Feb 2022 07:27
Last Modified: 03 Feb 2022 07:27
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/6755

Actions (login required)

View Item View Item