ПРЕГЛЕД НА СТРАТЕГИИТЕ ЗА УЧЕЊЕ НА СТРАНСКИ ЈАЗИК СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА СТРАТЕГИИТЕ ЗА СОВЛАДУВАЊЕ НА ПРАВИЛЕН ИЗГОВОР

Prodanovska-Poposka, Vesna and Koceva, Vesna (2018) ПРЕГЛЕД НА СТРАТЕГИИТЕ ЗА УЧЕЊЕ НА СТРАНСКИ ЈАЗИК СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА СТРАТЕГИИТЕ ЗА СОВЛАДУВАЊЕ НА ПРАВИЛЕН ИЗГОВОР. Knowledge – International Journal, 23 (5). pp. 1359-1364. ISSN 1857-923X

[thumbnail of Zbornik Budva 2018 Knowledge ПРЕГЛЕД НА СТРАТЕГИИТЕ ЗА УЧЕЊЕ НА СТРАНСКИ ЈАЗИК СО.pdf] Text
Zbornik Budva 2018 Knowledge ПРЕГЛЕД НА СТРАТЕГИИТЕ ЗА УЧЕЊЕ НА СТРАНСКИ ЈАЗИК СО.pdf

Download (5MB)

Abstract

Во овој труд се дискутира за стратегиите за учење на странски јазик. На почетокот се претставуваат општите карактеристики на стратегиите за учење и се зборува за нивното значење во процесот на учење на странскиот јазик. Во методиката на наставата по странски јазик сѐ уште се
дебатира за стратегиите за учење на странски јазик, се нагласува нивното значење и од страна на многу научници се предлагаат различни класификации. Во овој труд се претставува класификацијата на Ребека Оксфорд според која стратегиите за учење на странски јазик, независно од мајчиниот јазик на изучувачите, се поделени во две главни групи: директни и индиректни стратегии. Прво се дискутира за
директните стратегии (мнемониски, когнитивни и компензациски) кои подразбираат директна употреба
на целниот јазик. Овие стратегии се користат свесно од страна на изучувачите. Потоа се зборува за
влијанието на индиректните стратегии (метакогнитивни, афективни и социјални) врз процесот на учење
на странскиот јазик, односно се потенцира улогата на учениците. Со примена на овие стратегии тие
постепено го усвојуваат целниот јазик, ги прифаќаат сопствените грешки и се обидуваат да ги надминат
тешкотиите. Во продолжение авторите даваат преглед на стратегиите коишто се користат за стекнување
на точен изговор, односно точна усна продукција. Некои истражувачи потенцираат дека постојат
неколку важни стратегии за поучување на правилниот изговор на странскиот јазик коишто може да им
помогнат на учениците во процесот на изучување на странскиот јазик. Во продолжение се претставуваат
насоките коишто треба да ги следат наставниците за да се постигне точна усна продукција. Се нагласува
дека наставниците треба да развијат кај учениците позитивен став кон правилниот изговор, да ги
идентификуваат специфичните говорни функции коишто претставуваат проблем за учениците, да се
фокусираат на развојот на комуникативната компетенција и да ги запознаат учениците со прозодиските
својства на јазикот, т.е. акцентот, интонацијата, ритамот итн. Во завршетокот на трудот се дискутира за
постојаната потреба за развивање на повеќе техники во наставата коишто ќе придонесат за стекнување
на правилен изговор.
Клучни зборови: стратегии за учење, учење странски јазик, изговор.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Biotechnical Sciences
Depositing User: Prof. d-r Vesna Prodanovska
Date Deposited: 03 Feb 2022 07:27
Last Modified: 03 Feb 2022 07:27
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/6754

Actions (login required)

View Item View Item