НАДАРЕНИТЕ И ТАЛЕНТИРАНИТЕ КРЕАТОРИ НА ПРОГРЕСОТ

Galovska, Biljana and Petrovska, Biljana НАДАРЕНИТЕ И ТАЛЕНТИРАНИТЕ КРЕАТОРИ НА ПРОГРЕСОТ. ВТОРА ИНТЕРНАЦИОНАЛНА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА.

[thumbnail of НЕУРОЛИГВИСТИЧКОТО ПРОГРАМИРАЊЕ КАКО АЛАТКА ВО ПОТТИКНУВАЊЕ НА КРЕАТИВНОСТА КАЈ СТУДЕНТИТЕ.docx] Text
НЕУРОЛИГВИСТИЧКОТО ПРОГРАМИРАЊЕ КАКО АЛАТКА ВО ПОТТИКНУВАЊЕ НА КРЕАТИВНОСТА КАЈ СТУДЕНТИТЕ.docx

Download (493kB)

Abstract

За да се пристапи кон личен и професионален развој потребно е да се насочиме кон ,,проучување на субјективните искуства,,. Неуролингвистичкото програмирање е моќна методологија која ја користат илјадници луѓе во свестот за да излезат од зоната на комфорот и да тргнат кон личниот и професионалниот развој. Прв чекор за да се случи тоа е да се поттикнат креативните потенцијали кај студентите. Поедноставно речено НЛП истражува на кој начин луѓето функционираат. Тоа го вклучува нивното доживување на светот, начинот на кој ги преработуваат или меморираат информациите, како планираат, на кој начин носат одлуки и како се однесуваат према себе и другите. Разбирањето како луѓето функционираат и ги структуираат своите искуства бескрајно го подигнува нашиот потенцијал за емпатија, за влијание и за можноста за напредок и промени. Процесот на откривање на тоа како успешните луѓе функционираат за да се моделира нивното однесување била и примарната мотивација за работа на амбициозните студенти Ричард Бандлер и Џон Гриндер во 70-тите години од 20 век кога и го поставија моделот на одличност или успешност. Од тогаш стратегиите и техниките познати во неуро-лингвистичкото програмирање се развиваат и растат,а денес се применуваат во терапијата,

едукацијата, работа, спорт, раководење, продажба, менаџирање итн.
Неуролингвистичкото програмирање како методологија на исклучително успешни луѓе ни дава широк спектар на алатки и стратегии за работа на поттикнување на креативноста на студентите за креирање визија, подобра комуникација, развивање на верба во себе, поставување на предизвикувачки цели и отварање на потенцијалите до максимум за секој од нив. Се тоа со цел креативноста да биде водечка компонента на производот кој во случајот се личностите кои одат по патеката на прогресот.

Клучни зборови: креативност, студенти, НЛП

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Agricultural Sciences > Veterinary science
Divisions: Faculty of Veterinary Medicine
Depositing User: Mr Aleksandar Lozanovski
Date Deposited: 27 Sep 2021 08:48
Last Modified: 27 Sep 2021 08:48
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/6556

Actions (login required)

View Item View Item