Strategy for Development of Tourism in the City of Skopje for the period of 2020-2023

Andreeski, Cvetko and Marinoski, Naume and Korunovski, Saso and Nestoroska, Ivanka and Risteski, Michael (2020) Strategy for Development of Tourism in the City of Skopje for the period of 2020-2023. Municipality of the City of Skopje.

[thumbnail of Strategy for Development of Tourism in the City of Skopje for the period of 2020-2023] Other (Strategy for Development of Tourism in the City of Skopje for the period of 2020-2023)
------~1.PDF - Published Version

Download (6MB)

Abstract

Стратегијата за развој на туризмот на Град Скопје за периодот (2020 - 2023) е насочена кон воспоставување на релација меѓу расположливите туристички потенцијали и стремежите на носителите на туристичката политика. Тоа подразбира реализација на оние можности кои биле зацртани, оптимално користење на ресурсите, подобрување на состојбите и проширување на развојната основа. Ова подразбира изнаоѓање на нови и проширување на постојните туристичките содржини и нивно квалитативно подобрување. Така се поттикнува туристичкиот развој, што претставува придонес и во севкупната економска и општествена сфера. Туризмот по својата природа ја опфаќа стопанската димензија и се одликува со социјални и културни карактеристики.
Стратегиското планирање на туризмот на Град Скопје е основна за имплементација на начините на хумано користење на ресурсите и интензивен развој. Ова произлегува од фактот дека тој е карактеристичен по застапеноста на изразената урбана концентрација, што најчесто се судира со факторите на одржливиот развој во повеќе дејности. Во прилог на унапредување на оваа дејност оди и тоа дека високиот степенот на урбанизација е плод на градската традиција. Таа претставува препознатливост на градот Скопје. За долгиот цивилизациски континуитет сведочи богатото културно-историско наследство и посебностите на етнографската култура.
За разлика од другите дејности во главниот град, туризмот треба да се темели на високо ниво на почит кон стабилноста на природните и општествените системи. Тоа се однесува на заштитата на природното и културното наследство кои претставуваат најзначајните атрактивни вредности. Поради тоа, тие се основа за синергетски приод во третманот на туристичкиот развој.
Автентични вредности за развој на туризмот во Скопје, во прв план го опфаќаат урбаниот живот и можностите за шопинг, забава и провод. Поради тоа, тој е привлечен за различна популација со посебни афинитети и аспирации. Градот е центар на модата и музичките и сценските настани. Тој има најизразита уметничката, институционална застапеност во РС Македонија и интернационално реноме.
Градот е карактеристичен по спортскиот живот, така што претставува центар за ваква посета. Ова се однесува на различните спортски настани и натпревари, како и за тренинзи и демонстрации на вештини.
Стратегискиот приод во развојот на туризмот е во тесна врска со деловните патувања. Тоа се должи на фактот дека станува збор за град во кој се одвиваат деловни активности. Тие се однесуваат, како на локално така на меѓународно ниво. Поради тоа стопанските активности се важна компонента не само од гледна точка на својата деловна потреба туку и поради можностите за посета на туристичките вредности и користењето на туристичките услуги. Доменот на услугите е од различна природа. Тоа се услуги од посета на културни и природни вредности, угостителски и конгресни, спортски, забавни, услужно занаетчиство, трговски, сообраќајни, научни и образовни и здравствени институции и објекти.
Градот Скопје е центар на Скопскиот плански регион (СПР). Тоа значи дека низ подобрувањето на содржината на престој на посетителите и унапредувањето на постојното ниво на квалитетот на услугите ќе се подобри туристичка понуда на регионот во целина. Повратен ефект е интегралната понуда на регионот. На тој начин туризмот ќе придонесе за поинтензивно вклучување на овие средини во развојните процеси, ќе ги афирмира локалитетите и објектите во општините на Скопскиот плански регион и ќе придонесе за развој на туризмот на РС Македонија во целина.

Item Type: Other
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Other social sciences
Divisions: Faculty of Tourism and Hospitality
Depositing User: Prof. d-r Michael Risteski
Date Deposited: 19 Apr 2021 12:12
Last Modified: 19 Apr 2021 12:12
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/6359

Actions (login required)

View Item View Item