Marinoski, Naume and Nestoroska, Ivanka and Andreeski, Cvetko and Risteski, Michael and Risteski, Nadica (2016) Innovative Solutions for Improved Access to Services at Local Level: Creating a Network for Inclusive Development of the Vardar Planning Region of the Republic of N. Macedonia, Mapping of potentials for development of different types of rural tourism and preparing Register of Potentials for Rural Tourism (RPRTs). Center for Development of the Vardar Planning Region.
Text
ВПР регистар финален 19.07.2016.pdf Download (3MB) |
Abstract
Бројни средини кои поседуваат ресурски потенцијали можат да претставуваат значаен потенцијал за руралниот туризам, односно да се искористат нивните вредности во нови туристички содржини на туристичката понуда. Тие ресурси претставуваат дел на вкупниот квалитет на регионот. Поради тоа потребно е да се изврши нивна инвентаризација, односно евидентирање во даден Регистар за да може да се дефинираат насоките на влијание на креаторите на туристичките стратегии и планови. Со тоа ќе се поттикне и вкупниот социо-економски развој на регионот. Дефинираните потенцијали ќе им овозможат на одлучувачите да изнајдат најдобри решенија за одржлив развој во оваа смисла. Меѓутоа, не е доволно само евидентирањето на ресурсите кои се присутни во регионот, туку и истите треба да се диференцираат според нивната важност. За тоа да се изврши потребно е да се прибават квантитативни и квалитативни податоци. Овие податоци може да се прибават на различни методи и начини, користејќи канцелариско и теренско истражување. Новостекнатите знаења треба да се споредат со веќе донесените и имплементираните документи кои се однесуваат на одржливиот туристички развој, како и истите да се унапредат. Исто така, треба да се користат современи методи и техники на прибавување и обработка на податоци, како што претставува ФАС_методологијата на Светската туристичка организација. Определените податоци за квантитетот и квалитетот на ресурсите може потоа да се искористат за мапирање на постоечките потенцијали во регионот. Тоа овозможува давање на јасни насоки за делување преку акциони планови и стратегии за унапредување на факторите, атракторите и услугите на поддршка. Вардарскиот плански регион располага со бројни и значајни потенцијали (ресурси) за развивање на руралниот туризам. Вредностите на руралниот туризам може да се стават како комплементарни елементи во други видови на производи, односно видови туризам.
Item Type: | Other |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Other social sciences |
Divisions: | Faculty of Tourism and Hospitality |
Depositing User: | Prof. d-r Michael Risteski |
Date Deposited: | 30 Mar 2021 12:58 |
Last Modified: | 30 Mar 2021 12:58 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/6330 |
Actions (login required)
View Item |