ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР СО ФОКУС НА IT ПОДДРШКАТА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Dimeski, Branko and Dzurovski, Anastas (2021) ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР СО ФОКУС НА IT ПОДДРШКАТА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА. БАС Институт за менаџмент- Битола; Бизнис академија Смилевски- БАС, Скопје; Универзитет Милтон Фридман, Будимпешта, Унгарија., Битола. ISBN 978-608-4729-10-5

Full text not available from this repository.

Abstract

Во овој труд се прави анализа на основните теоретски карактеристики на концептот на дигитално управување или процесот на таканаречена дигитална трансформација во институциите на јавниот сектор. Во продолжение, во вториот дел на трудот даваме краток осврт на развојот на дигиталните процеси во Република Северна Македонија. За да се постигне целта, се користат методите на сеопфатна компаративна анализа на теоретските достигнувања од оваа област во литературата комбинирани со историскиот метод кој овозможува анализа на минатите клучни концепти односно достигнувања на јавниот сектор во оваа област. Резултатите од истражувањето го потенцираат фактот дека светот се движи кон радикална дигитална трансформација на
институциите од јавниот сектор. Притоа, се анализираат голем број на истражувања кои се однесуваат на примената на напредната дигитална технологија во високо развиените земји, при што, резултатите покажуваат дека тоа е масовен процес кој го менува карактерот на функционирањето на јавните институции, но и на цели држави. Република Северна Македонија не може да функционира изолирано од овие глобални процеси. Во изминатите години, од осамостојувањето до денес, во земјата се превземени голем број на активности кои водат кон целосна IT поддршка на административното работење во јавниот сектор. Иако овој процес се карактеризира со голем број на пречки, сепак, определбата на сите досегашни влади е развојот на дигиталното управување во јавниот сектор. Заклучоците од анализата на резултатите од истражувањето можат да бидат од голема важност за менаџерите во јавните организации. Современите процеси на дигитализација го менуваат начинот на глобалното однесување на јавните организации во поглед на поголема иновативност, при што исклучок не е ниту Република Северна Македонија.

Item Type: Book
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Other social sciences
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Prof. d-r. Branko Dimeski
Date Deposited: 22 Mar 2021 08:09
Last Modified: 22 Mar 2021 09:25
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/6321

Actions (login required)

View Item View Item