Нови предизвици на маркетингот во ветеринарните амбуланти

Petrovska, Biljana and Petrovska, Natasa and Trajanoska, Blagica and Buntevska, Elena (2013) Нови предизвици на маркетингот во ветеринарните амбуланти. Меѓународна научна конференција – Современите менаџерски предизвици и организациските науки. pp. 629-634.

Full text not available from this repository.

Abstract

Маркетингот секогаш бил иновативно средство за привлекување на клиентите, но во ветеринарната медицина застапеноста била во помали мерки. Со развојот на технологијата, воглавно и подобрувањето на комуникациската технологија маркетингот завзема висока позиција и во ветерината. Интересот за домашните миленици, а воедно и развојот на сточарството како стопанска гранка во нашата земја придонесе за поголема иновативност на промовирање, како и фокусирање кон клиентите и видот на услуги кои се даваат за да ги задоволат нивните потреби.
Овој труд има за цел да ја презентира застапеноста на маркетингот во одредени ветеринарни амбуланти во регионот на град Прилеп. Со помош на потсетник за интервју во пишана и електронска форма се испитуваат предизвиците кои ги имаат овие ветеринарни амбуланти во областа на маркетингот. Овие предизвици се однесуваат на начинот на кој ветеринатните амбуланти ги привлекуваат своите клиенти, каков е видот на услуги кои ги нудат за да ги задоволат потребите на своите клиенти и воедно за привлекување и на нови клиенти и на кој начин ги промовираат своите услуги. Во денешно време ни се достапни се повеќе алатки за промоција благодарение на технолошката иновација и развој. Токму затоа, се поставува прашањето колку ефикасно ветеринарните амбуланти во прилепскиот регион ги користат овие алатки за промоција на своите услуги и задоволување на потребите на своите клиенти.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Agricultural Sciences > Veterinary science
Divisions: Faculty of Veterinary Medicine
Depositing User: Mr Aleksandar Lozanovski
Date Deposited: 19 Dec 2018 11:06
Last Modified: 19 Dec 2018 11:06
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/611

Actions (login required)

View Item View Item