Petrovska, Biljana and Petrovska, Natasa (2013) Разликата помеѓу домашното и меѓународното истражување на компаниската конкурентност. II Меѓународна научна конференција – Современите менаџерски предизвици и организациските науки. pp. 742-748.
Full text not available from this repository.Abstract
Како одраз на интернационализацијата на пазарот и зголемувањето на важноста на компаниите во глобалната економија, истражувачките патеки на меѓународните компании се пресекуваат со зголемена фреквенција. Истражувачите на меѓународниот бизнис го прошируваат традиционалниот фокус на големите мултинационални компании со вклучување на мали фирми во своите агенди за истражување. Прекуграничната дејност на компаниите привлекува зголемен интерес за истражувачите, а забрзаната интернационализација се забележува дури и кај најмалите и најнови организации. Истражувачите сега работат во свет каде конкурентските информации се полесно и јавно достапни од порано. Со развојот на интернетот информациите за трендовите на пазарот, законодавството, клиентите, добавувачите, конкурентите, дистрибутерите, развојот на производи и речиси сите други можни теми се достапни на интернет. Меѓутоа и покрај овај тренд повеќето вредни информации не можат да се најдат на интернет. За тоа се потребни други извори на информации како што се разни организации, весници, публикации и бази на податоци од други компании, владини податоци и слично.
Од она што го имаме како податок може да се констатира дека разликата помеѓу домашното и меѓународното истражување на компаниската конкурентност е евидентна. Тоа се должи на фактот што иако алатките и техниките на истражувањето се исти, околината е различна. Примарни причини за таа разлика се среќавањето со нови параметри, нови средини, поголем број на инволвирани фактори и поширока дефиниција за конкуренција
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business Scientific Fields (Frascati) > Agricultural Sciences > Veterinary science |
Divisions: | Faculty of Veterinary Medicine |
Depositing User: | Mr Aleksandar Lozanovski |
Date Deposited: | 19 Dec 2018 11:06 |
Last Modified: | 19 Dec 2018 11:06 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/610 |
Actions (login required)
View Item |