Janusheva, Violeta (2020) Семантички формули за давање комплименти во македонскиот стандарден јазик. Journal of Contemporary Philology, 3 (2). pp. 77-88. ISSN 2545-4773
Text
СЕМАНТИЧКИ ФОРМУЛИ ЗА ДАВАЊЕ КОМПЛИМЕНТИ ВО МСЈ.pdf Download (760kB) |
Abstract
Овој труд има цел да ја испита синтаксичката структура на најчесто користените семантички формули за давање на комплименти во интеракциите
на младата популација, најчесто употребуваните зборови во тие формули,
како и темата на која се однесуваат, што претставува основа за да се согледаат сличностите и разликите меѓу македонскиот и другите светски јазици,
како и неговите сопствени специфичности. Истражувањето е квалитативно
и има описен дизајн. Корпусот го сочинуваат 1 000 семантички формули
собрани преку лист во кој од 100 млади луѓе на возраст од 18 до 22 г. во
РСМ се бара да наведат комплименти што ги употребуваат меѓу себе во
своите секојдневни интеракции. Од методите за обработка на податоците и
донесување заклучоци се употребуваат анализата, синтезата и споредбата.
Резултатите од истражувањето покажуваат дека и во македонскиот јазик се
употребуваат семантичките формули за давање комплименти што се забележани во другите современи јазици со структура на проста реченица, при
што особеностите на македонскиот јазик се гледаат во засилувачите и можноста за нивна комбинација, како и во формулите со структура на именска
група и сложена реченица
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Education |
Depositing User: | Prof. d-r Violeta Januseva |
Date Deposited: | 25 Dec 2020 11:10 |
Last Modified: | 20 Apr 2023 05:28 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/6088 |
Actions (login required)
View Item |