Janusheva, Violeta (2020) МНОЖИНАТА НА ИМЕНКИТЕ ШТО СЕ УПОТРЕБУВААТ САМО ВО ЕДНИНА ВО МАКЕДОНСКИОТ СТАНДАРДЕН ЈАЗИК. In: „Македонскиот јазик – извор на филолошки и на културолошки истражувања“, 13 и 14 ноември, 2019, Институт за македонски јазик „К. Мисирков“, Скопје.
Text
mak-jazik-2019, В. Јанушева.pdf Download (1MB) |
Abstract
Апстракт: Во Толковниот речник на македонскиот јазик се забележуваат голем број именки што се наведени само со еднинска форма и што, според тоа, не треба да се употребуваат во множина. Сепак, усната и пишаната практика покажуваат дека овие именки, многу често, се употребуваат со множинската форма. Оттука, предмет на трудот се множинските форми на именките што имаат само еднинска форма, а целта на трудот е да се анализираат тие од гледна точка на нивното значење. Популацијата ја претставуваат именките што се употребуваат само во еднина, наведени во ТРМЈ (2003 – 2014), а примерокот го претставуваат поголем број од нив. Множинските форми на овие именки се засведочени во голем број електронски извори. Од методите за обработка на податоците и донесување на заклучоци се користат анализа, синтеза и компарација. Истражувањето покажува дека во однос на значењето, се изделуваат неколку групи множински форми од именките што се употребуваат само во еднина, и тоа: множински форми што не изразуваат вистинско бројно значење, множински форми што означуваат разни сорти или видови, множински форми што се потпираат на значењето на други именки кои имаат еднинска форма и кои образуваат регуларна множина и др.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Education |
Depositing User: | Prof. d-r Violeta Januseva |
Date Deposited: | 17 Nov 2020 13:19 |
Last Modified: | 17 Nov 2020 13:19 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/5889 |
Actions (login required)
View Item |