Angeleski, Marjan and Petrevska Nechkoska, Renata (2020) Бизниси што го променија светот (2) - Netflix. Еквилибриум (30). pp. 17-18. ISSN 2671-3349
Full text not available from this repository.Abstract
Заради рестриктивните мерки воведени по појавата на корона вирусот, многу луѓе ширум светот се присилени да останат во своите домови од каде што многу од нив по пат на интернет ги извршуваат своите работните обврски, ги следат наставните процеси и сл. Но, пандемијата не го промени само начинот на работа на луѓето, туку и начинот на користење на своето слободно време преку следење забавни содржини преку интернет. Тукму една од најбрзо растечките светски компании во време на корона пандемијата е американскиот видео стриминг сервис Netflix. Наспроти немирите на финанските пазари во последниве неколку месеци, компанијата руши нови рекорди како во поглед на нејзината вредност и приходите што ги остварува така и во бројот на нови претплатници. Имено, во првиот квартал оваа година, Netflix забележува нови 15,8 милиони претплатници што преставува најголем раст во историјата на оваа компанија и вкупниот број претплатници сега иснесува околу 182 милиони. Исто така, Netflix во првиот квартал имаше приходи од 5,77 милијарди долари што е за 1,25 милијарди долари повеќе од истиот квартал минатата година. Во однос на пазарната вредност, Netflix успеа да го надмине дури и својот голем ривал Disney. Дали овие трендови ќе продолжат и во иднина, или пак се само последица на најновите случувања не може со сигурност да се процени од оваа перспектива но, во секој случај, уште еднаш се потврдува фактот дека интернетот како медиум продолжува да прави трансформација во сите сфери на општественото живеење. Во продолжение, ќе биде даден краток осврт на оваа компанија како извадок од практикумот по е-бизнис од авторите Марјан Ангелески и Рената Петревска-Нечкоска.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Mr Dimitar Risteski |
Date Deposited: | 18 Sep 2020 20:16 |
Last Modified: | 18 Sep 2020 20:16 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/5763 |
Actions (login required)
View Item |