Kostoska, Olivera (2020) Како да се израмни кривата на рецесија во услови на Ковид-19? Еквилибриум (30). pp. 14-16. ISSN 2671-3349
Full text not available from this repository.Abstract
Овој пат е поинаку...
Според Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), глобалната економија оваа година би можела да ја доживее најлошата рецесија од Големата депресија, надминувајќи ја таа забележана во текот на глобалната финансиска криза од пред една деценија (како резултат на пандемијата се предвидува остра контракција на глобалната економија од -3% во 2020 година, исход кој е многу полош од оној на финансиска криза од 2008-2009 година). Проекциите на ММФ за Република Северна Македонија упатуваат на рецесија со негативен раст од -4% за 2020 година; слично предвидување за годишната процентуална промена на БДП (-3,9%) на нашата земја во 2020 година е забележано и од страна на Генералниот директорат за економски и финансиски прашања на Европската комисија. Во секој случај, постои голема неизвесност во врска со предвидувањата на економските последици од шокот поврзан со КОВИД-19 – едноставно, нештата, овој пат, се многу поразлични! За разлика од глобалната финансиска криза кога не постоеше шок на страната на понудата, па креаторите на политиката беа во состојба да се фокусираат на побарувачката и стабилизацијата на финансискиот систем, ситуацијата е многу покомплексна во случајот со КОВИД-19 - станува збор за симултан шок, како на страната на понудата, така и на страната на побарувачката. Друг аспект што го разликува тековниот економски пад од финансиската криза е улогата на глобалните вредносни синџири. Нарушувањето на вредносните синџири претставуваше проблем уште во времето кога КОВИД-19, главно, беше ограничен на Кина. Сега, кога болеста станува сè пораспространета, ова нарушување има исклучително важна улога. Трговијата, веројатно, ќе опаѓа пострмно во секторите што се карактеризираат со комплексни вредносни синџири, особено електрониката и автомобилските производи. Дури и кога штетата со овие синџири не е непоправлива, како што ќе закрепнуваат водечките фирми од кризата, тие, најверојатно, ќе мора да го преиспитаат нивниот бизнис модел, вклучувајќи го и намалувањето на линковите во овие синџири, односно намалување на зависноста од надворешни снабдувачи во синџирите преку зголемување на домашно произведени интермедијарни производи (како што е случајот со Кина).
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Mr Dimitar Risteski |
Date Deposited: | 18 Sep 2020 20:16 |
Last Modified: | 18 Sep 2020 20:16 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/5762 |
Actions (login required)
View Item |