Trajkoska, Gordana (2020) Нов Ковид-19 данок за зафаќање на поголемите субјекти со големи профити. Еквилибриум (30). pp. 10-11. ISSN 2671-3349
Full text not available from this repository.Abstract
Сетот на мерки што ги презема владата во сегментот на буџетот и буџетската политика за да можат да се реализираат целите на фискалната политика и да се обезбеди квалитет на јавните услуги, во овие услови на економски последици на здравствената криза, овозможуваат реализирање на стабилизационата функција на јавните финансии. Министерството за финансии презеде активности коишто имаат фискална, економска и социјална функција, односно задача. Здравствените работници за да ви го констатираат вирусот ќе ве затворат 14 дена и ќе се покаже дали имате или немате вирус, ама за 14 дена ако ги затворат економистите, тие во сегашната ситуација нема да можат да оценат какви ќе бидат економските последици од здравствената криза. Со тоа сакам да потенцирам дека економските последици од здравствената криза ќе бидат долгорочни. Затоа, со мерките на фискалната политика треба да се овозможи стабилизација на цените, стабилизација на вработеноста и стопански раст којшто во услови на воздржаност на приватната инвестициона потрошувачка треба да ја фаворизира јавната потрошувачка, којашто има мултипликативно дејство што јавните инвестиции треба да го добијат во услови на воздржаност на приватната иницијатива.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Mr Dimitar Risteski |
Date Deposited: | 18 Sep 2020 20:16 |
Last Modified: | 18 Sep 2020 20:16 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/5760 |
Actions (login required)
View Item |