Индикатори за одржлив развој на животната средина во Република Македонијa

Kebakoski, Borislav and Dimoska, Tatjana (2014) Индикатори за одржлив развој на животната средина во Република Македонијa. Faculty of Electrical Engineering and Information Technologies (FEIT) – Skopje,24-26.04. 2014.

[thumbnail of Индикатори за одржлив развој на животната средина во Република Македонија.pdf]
Preview
Text
Индикатори за одржлив развој на животната средина во Република Македонија.pdf

Download (354kB) | Preview

Abstract

Човечкиот вид постојано се стреми да ја зголеми
својата благосостојба, а тоа е можно единствено со
зголемување на економскиот раст и развој. Но, покрај
позитивните ефекти, економскиот развој резултира и
со мноштво негативни ефекти особено во контекст на
животната средина, при што во крајна линија се
доведува во опасност опстанокот на човечкиот вид на
планетата Земја. Единствен излез од тој “маѓепсан
круг” претставува практицирањето на одржливиот
развој кој се стреми да ја зголеми благосостојбата на
сегашните генерации, со истовремено ставање акцент
на заштитата на животната средина. Иако
одржливиот развој е нашироко прифатен во светот,
сепак претставува релативно нов поим за кого не
постои една универзална и општоприфатена
дефиниција. Станува збор за мултидимензионален и
комплексен концепт кој сéуште се развива, а
дефиницијата постојано се ревидира, преработува,
дополнува и усовршува. Поради фактот што не
постои единствена методологија за мерење на
одржливиот развој, за таа цел се предлагаат
индикаторите кои во зависност од тоа на кој аспект од
одржливиот развој се однесуваат, може да бидат
економски, еколошки и социо-културни, а
претставуваат солидна база во процесот на
донесување на одлуки на сите нивоа. Индикаторите
на одржливиот развој може да се однесуваат на
меѓународно, национално, регионално или
дестинациско ниво.Во овој труд е направен обид да
се одредат и оценат индикаторите за одржливиот
еколошки развој во Република Македонија со цел да
се утврди квалитетот на животната средина и
степенот на исцрпеноста на природните ресурси и да
се алармира кај надлежните органи за навремено
преземање на адекватни мерки за зголемување на
одржливиот еколошки развој во иднина.
Клучни зборови: одржлив развој, животна
средина, индикатори, Република Македонија.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Tourism and Hospitality
Depositing User: Mr Bojan Sekulovski
Date Deposited: 09 Mar 2020 09:11
Last Modified: 09 Mar 2020 09:11
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3971

Actions (login required)

View Item View Item