Nikolovski, Zoran (2003) Современата јазична политика на Франција во однос на францускиот и регионалните јазици. Педагошки факултет & Киро Дандаро, Bitola, Makedonija. ISBN 811. 133. 1´244
Preview |
Text
Kniga Sovremenata jacna politika na Francija- PDF.pdf Download (787kB) | Preview |
Abstract
Предмет на истражување во книгава е современата јазична политика на Франција во однос на францускиот и регионалните јазици. Трудот е составен од четири дела. Во првиот дел прикажуваме општ теоретски пристап на поимот јазична политика, го дефинираме тематскиот поим, го објаснуваме неговото потекло, а притоа, го разграничуваме поимот јазична политика од неговите синоними, јазично уредување и јазично законодавство. Во вториот дел даваме кус приказ на геодемолингвистичката состојба на францускиот јазик во Франција, претставуваме неколку причини за експанзијата, а подоцна и за неговата стагнација и повлекување. Исто така, во овој дел ќе дадеме краток преглед на почетоците на јазичното интервенирање во Франција. Предмет на истражување на третиот дел е современата јазична политика што Франција ја води во однос на францускиот јазик. Во него ги обработуваме трите периоди кои неа ја сочинуваат, а ги прикажуваме и резултатите од истражувањата на јазичната политика во нејзините области на примена и интервенирање: деловен живот, информирање на потрошувачот и заштита на работникот, наука и техника, односно францускиот јазик за време на одржување на манифестации, семинари и конгреси, јазикот во списанијата и публикациите како и неговата состојба во образованието, испитите, конкурсите и тезите, потоа јавните служби, односно примената на францускиот јазик на внатрешен план, во меѓународната комуникација и неговото терминолошко збогатување. На крај, ќе ја прикажеме состојбата во мас-медиумите. Во четвртиот дел ја обработуваме современата јазична политика што Франција ја води во однос на нејзините регионални јазици. Најпрвин даваме кус приказ на нивната геодемолингвистичка состојба, а исто така ги прикажуваме и главните карактеристики на современата јазична политика во однос на овие јазици што ја поделивме на два периода. Понатаму, следува анализата на областите на примена и интервенирање во врска со регионалните јазици: образование, судство, административни служби, мас-медиуми, култура, деловен живот и нивна примена во социјалниот и семејниот живот. На крајот од трудот следуваат заклучоците од истражувањето во доменот на современата јазична политика на Франција. Општа хипотеза на истражувањето е дека Франција направила многу повеќе за заштита и унапредување на францускиот отколку за нејзините регионални јазици. Примерок на истражувањето се околу 160 официјални документи, закони, декрети, циркуларни писма, изештаи кои се однесуваат на францускиот и на регионалните јазици на Франција и ја одредуваат нивната примена во различни области: образование, судство, мас-медиуми, административни служби, култура, деловен живот итн. Од техниките на истражувањето, е употребена анализата на документи кои се однесуваат на францускиот и на регионалните јазици и ја регулираат нивната употреба во повеќе области на примена и интервенирање.
Item Type: | Book |
---|---|
Uncontrolled Keywords: | Современата јазична политика, Франција, француски јазик, регионални јазици |
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Mr Dimitar Risteski |
Date Deposited: | 08 Mar 2020 09:23 |
Last Modified: | 08 Mar 2020 09:23 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3940 |
Actions (login required)
View Item |