АНГЛИСКИТЕ ЛЕКСИЧКИ ЗАЕМКИ ВО ФРАНЦУСКИОТ ЈАЗИК од 1945 до 2005 ГОДИНА (ЛИНГВИСТИЧКИ И СОЦИОКУЛТУРЕН АСПЕКТ)-« Les emprunts lexicaux anglais dans la langue française 1945-2005 (aspect linguistiques et socioculturel) »

Nikolovski, Zoran (2012) АНГЛИСКИТЕ ЛЕКСИЧКИ ЗАЕМКИ ВО ФРАНЦУСКИОТ ЈАЗИК од 1945 до 2005 ГОДИНА (ЛИНГВИСТИЧКИ И СОЦИОКУЛТУРЕН АСПЕКТ)-« Les emprunts lexicaux anglais dans la langue française 1945-2005 (aspect linguistiques et socioculturel) ». Doctoral thesis, Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј“ - Скопје.

[thumbnail of ДОКТОРАТ-КОНЕЧНА ВЕРЗИЈА.pdf]
Preview
Text
ДОКТОРАТ-КОНЕЧНА ВЕРЗИЈА.pdf

Download (4MB) | Preview

Abstract

Целта на овој труд е да се истакне проблемот на англицизација и американизација на францускиот јазик проучувајќи ги англиските лексички заемки во определен временски период по Втората светска војна, од 1945 до 2005 година. Со тоа би се потврдило и англоамериканското влијание врз француското општество и култура. За појдовна година ја означивме 1945 година кога завршува војната и започнува еден нов период од историјата, а 2005 е година кога ги завршивме подготовките за започнување на проектот. Покрај лексиколошкиот, односно јазичниот аспект за истражување на овој проблем, истиот може да биде анализиран и од социолошка и културолошка гледна точка. Поаѓајќи од фактот дека јазикот е тесно поврзан со општеството и културата, а имајќи ги пред нас како аргумент англицизмите што во францускиот јазик се употребуваат во временски период од шеесет години, ќе се обидеме да ги прикажеме и односите меѓу Франција и Соединетите Американски Држави и Англија во овој временски период што директно придонеле за навлегување на богатиот лексички материјал. Во однос на методологијата на работа, заради интердисциплинарноста на лингвистичкиот и социокултурниот пристап, нашиот метод ќе биде аналитички, синтетички, компаративен и дескриптивен со цел да се добијат што подобри резултати од истражувањето. Периодот од 60 години е сосема доволен да прикаже многу феномени коишто се случуваат во јазикот, општеството и културата.

Item Type: Thesis (Doctoral)
Uncontrolled Keywords: англиските лексички заемки, францускиот јазик, 1945-2005 година, лингвистички и социокултурен аспект (emprunts lexicaux anglais, langue française, 1945-2005, aspect linguistiques et socioculturel
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 08 Mar 2020 09:23
Last Modified: 08 Mar 2020 09:23
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3939

Actions (login required)

View Item View Item