Sotiroski, Kosta and Risteska, Aneta (2016) Склучување меморандуми за соработка. Еквилибриум (19). pp. 12-13. ISSN 2671-3349
This is the latest version of this item.
Abstract
На 20 октомври 2015 година во Државниот завод за статистика на Република Македонија, по повод отпочнувањето на активностите за одбележување на Светскиот ден на статистиката, деканот на Економскиот факултет - Прилеп, проф. д-р Ѓорѓи Манчески и заменикот на директорот на Државниот завод за статистика м-р Дејан Станков потпишаа Меморандум за меѓусебна соработка. Овој меморандум претставува основа за унапредување на соработката на нашиот Факултет со оваа државна институција во Република Македонија.
Според Меморандумот, Државниот завод за статистика се обврзува да овозможи вкучување на претставници од Факултетот во организирањето на заеднички конференции, симпозиуми, курсеви и семинари, соработка со Факултетот во насока на реализација на заеднички договорени проекти, организирање на најмалку една посета по семинар, на Заводот, од страна на студентите на Факултетот со цел студентите да се запознаат со начинот на работа на Заводот, обезбедување на гости – предавачи во текот на учебната година, кои ќе одржат предавање од соодветната научна област, како дел од наставата која се изведува на Факултетот, обезбедување на пракса на студентите на Факултетот, како и други форми на соработка од заеднички интерес.
Од друга страна, Факултетот се обврзува да овозможи вклучување на претставници од Заводот во организирањето на заеднички конференции, симпозиуми, кратки курсеви и семинари, соработка со Заводот во насока на реализација на заеднички договорени проекти, одржување на обуки за потребите на вработените во Заводот, давање поддршка при реализација на настани, проекти или конференции од областа на статистиката како и покана на гости – предавачи од Заводот кои ќе одржат предавања од соодветната научна област како дел од наставата што се изведува на Факултетот.
Паралелно со оваа активност, во насока на продлабочување на соработката на Економскиот факултет - Прилеп и бизнис секторот, на 23 декември, 2015 година се потпиша меморандум за соработка со компанијата „Комфи Ангел“. Меморандумот беше потпишан од страна на деканот проф. д-р Ѓорѓи Манчески и г-ѓа Ирена Јакимовска косопственик и менаџер на компанијата. На денот на потпишувањето, покрај претставници од Факутетот присуствуваа и бројни вработени од компанијата коишто своите студии завршиле на нашата високообразовна институција.
Клучната цел на овој меморандум е размена на знаења и заеднички активности во различни научни и едукативни области. Соработката помеѓу овие две институции ќе се развива во согласност со одредбите на меморандумот коишто укажуваат дека договорните страни ќе ги користат знаењата и искуствата во решавањето на научните проблеми од заемен интерес; ќе разменуваат кадар и студенти со цел размена на знаењата и искуствата; ќе соработуваат во организацијата на научни и стручни собири, промоции и други настани од заеднички интерес; изготвување заеднички проекти во областите што се од заеднички интерес, истражувачки проекти, проекти од областа на економијата, бизнисот, претприемништвото, промотивни проекти, проекти за развој и поголема конкурентност, интернационализација, институционализација и трансфер на знаења; одржување на консултативни состаноци и размена на мислења во однос на курикулумите и студиските програми, методите на настава, мобилност на студентите, оценувањето и слично.
Исто така, компанијата „Комфи Ангел“ покажа голем интерес, одреден број на студенти да изведуваат практична настава и да се организираат посети на студенти во просториите на фирмата. На тој начин би се овозможило непосредно запознавање на студентите за начинот на функционирање на компанијата и стекнување практични знаења за нејзината организација, надополнувајќи ги на тој начин стекнатите знаења и унапредувајќи го својот професионален развој и способност успешно да настапат на пазарот на трудот. Компанијата „Комфи Ангел“ ќе им овозможи на одреден број од своите вработени, а согласно своите потреби, стручно и професионално усовршување преку посета на стручни семинари, обуки, конференции, како и стипендирање на вработените за продолжување на високото образование на втор и трет циклус на студии што ги организира Еконосмкиот факултет - Прилеп. Она што е од особено значење од оваа соработка е согласноста на компанијата „Комфи Ангел“ да ги вработува најдобрите дипломирани студенти од Еконосмки факултет - Прилеп, со што уште еднаш се потврдува дека од оваа високо-образовна институција излегуваат компетентни кадри за коишто постои голем интерес на пазарот на труд.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Mr Dimitar Risteski |
Date Deposited: | 05 Mar 2020 11:35 |
Last Modified: | 05 Mar 2020 11:35 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3868 |
Available Versions of this Item
-
Склучување меморандуми за соработка. (deposited 27 Feb 2020 19:46)
- Склучување меморандуми за соработка. (deposited 05 Mar 2020 11:35) [Currently Displayed]
Actions (login required)
View Item |