Почеток на новата академска година

Risteska, Aneta (2016) Почеток на новата академска година. Еквилибриум (21). p. 4. ISSN 2671-3349

This is the latest version of this item.

Full text not available from this repository.

Abstract

На 15 септември оваа година во просториите на Економскиот факултет-Прилеп, пред неколку стотици студенти-бруцоши свечено беше одржан првиот академски час. Освен тоа, на овој свечен чин присуствуваа и студенти од повисоките студиски години, вработени во Факултетот, продекани, професори и асистенти.
По тој повод деканот, проф. д-р Ѓорѓи Манчески, имаше свечено обраќање до студентите. Во својот поздравен говор тој, на студентите им посака срдечно добредојде, а потоа ги истакна позитивните карактеристики коишто го одликуваат високообразовниот процес на Економскиот факултет – Прилеп. Имено, нашата високо-образовна институција нуди големи можности за профилирање кадри коишто лесно ќе може да се етаблираат на пазарот на труд и да напредуваат по скалилата на кариерниот развој. Во тој контекст, разновидноста и бројноста на студиските програми има големо значење и придонесува за атрактивноста на Факултетот, односно сè повеќе млади луѓе да се определат за студирање токму на Економскиот факултет-Прилеп.
Во тој контекст, Факултетот нуди седум четиригодишни студиски програми на прв циклус студии, и тоа: Сметководство, финансии и ревизија, Меѓународна економија и бизнис, Менаџмент и бизнис, Маркетинг менаџмент, Иновациски и проектен менаџмент, Е-бизнис и Банкарство и финансиски менаџмент, како и една тригодишна студиска програма по Бизнис информатика.
Натаму, во обраќањето на деканот, беа истакнати и можностите за студентска мобилност и вмрежување, што веќе поодамна претставува пракса на Економскиот факултет-Прилеп и сè поголем број студенти имаат учество во овие процеси. На тој начин Факултетот се вбројува во реномираните високообразовни институции чии студиски програми и кадар се признати, а со самото тоа и студентите добиваат одлични референци во својот професионален развој.
Во рамките на Факултетот функционираат и две студентски организации Студентскиот парламент и АИЕСЕК, со коишто Факултетот има изградено одлична соработка. Во таа насока, на првиот академски час, пред присутните се обрати и претседателот на АИЕСЕК, Лина Смуткоска која најнапред на бруцошите им посака добредојде, а потоа ги запозна со дел од активностите на оваа меѓународна студентска организација. Таа, истакна дека АИЕСЕК има амбициозни планови за наредниот период и ги повика своите колеги да земат учество во овие активности со цел да придонесат за развојот на високообразовната институција.
Драги бруцоши во овој контекст уште еднаш ви посакуваме среќен почеток и многу убави моменти во студентските денови.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 05 Mar 2020 11:32
Last Modified: 05 Mar 2020 11:32
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3865

Available Versions of this Item

Actions (login required)

View Item View Item