Од посетата на АД „Витаминка“ - Прилеп

Risteska, Aneta (2017) Од посетата на АД „Витаминка“ - Прилеп. Еквилибриум (23). pp. 6-7. ISSN 2671-3349

This is the latest version of this item.

Full text not available from this repository.

Abstract

Во рамките на реализирање на наставата по предметот Глобални снабдувачки синџири, група студенти од четврта година на Економскиот факултет-Прилеп заедно со предметниот професор д-р Анета Ристеска Јанкулоска ја посетија АД „Витаминка“ - Прилеп. Со оглед на тоа што станува збор за компанија којашто опстојува на пазарот повеќедецении и којашто има широк асортиман на производи со врвен квалитет, студентите имаа одлична можност практично да се запознаат со дел од активностите на синџирите на снабдување на производите.
Проблематиката за синџирот на снабдување и неговото управување, денес е многу популарна во научната и стручна јавност и пракса, а синџирот на снабдување претставува мрежа на организации коишто се поврзани во двонасочни врски, различни процеси и активности коишто создаваат вредност во облик на производ и услуга за крајниот корисник. Компанијата ги поседува најголемите брендови на овие простори, како Стоби Флипс, Цевитана, Витанез, Атлантис и други производи, а доказ за квалитетот на производите е тоа што неколку пати, некои од нив се прогласувани за Супербренд, а компанијата има добиено и медал Qudal за врвен квалитет на производите. Тоа укажува на успешното работење на компанијата и токму поради тоа оваа посета предизвика голем интерес кај студентите.
При самото пристигнување во компанијата срдечно добредојде ни посака Комерцијалниот директор на „Витаминка“, Владимир Трпаноски заедно со Душица Неделкоска одговорно лице за односи со јавност. Потоа студентите ги посетија складишните простории за суровини и материјали, амбалажа и готови производи кадешто од одговорните лица практично беа презентирани повеќе активности и операции кои се извршуваат во конкретните складишта. Најголем дел од теоретските експликации се однесуваа на методите на скалдирање, видовите на складишта како и со видовите на транспорт, движењето на материјали, начинот на допрема и отпрема на производите на Витаминка. Преку оваа посета студентите добија една многу појасна слика за овие клучни акивности во синџирот на снабдување. Студентите беа пријатно изненадени од професионализмот на вработените во фабриката, особено од директорот Трпаноски и Душица кои и покрај многубројните обврски одвоија доволно време за да ги споделат своите бројни искуства со студентите. Со оваа посета АД „Витаминка“ - Прилеп значително придонесе за збогатување на практичната настава кај студентите и во оваа прилика сакаме да им се заблагодариме за укажаната можност да бидеме нивни гости и се надеваме дека ваквите активности ќе продолжат и во иднина.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 05 Mar 2020 11:32
Last Modified: 05 Mar 2020 11:32
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3858

Available Versions of this Item

Actions (login required)

View Item View Item