Risteska, Aneta (2017) Воведен збор. Еквилибриум (23). pp. 3-4. ISSN 2671-3349
This is the latest version of this item.
Abstract
Драги читатели,
Изминува уште една академска година исполнета со бројни случувања. И додека сите се подготвуваме за годишните одмори ние сме тука да Ви пренесеме дел од бројните содржини и активности кои се реализираа во изминатиов период. Особено внимание и придонес за збогатување на научно истражувачката дејност на Економскиот факултет-Прилеп дадоа бројните Меѓународните конференции, на којшто Факултетот е коорганизатор. Имено, продолжува традицијата во организирање на заеднички конференции со Универзитетот Намик Кемал од Текирдаг, Турција пришто во периодот март –април се одржаа две нови Конференции. Од 4-5 март во Едрене Турција се одржа „III International Balkan and Near Eastern Social Sciences Conference Series“ – IBANESS кадешто беа пријавени 272 трудови чии автори се од бројни земји, а од 8-9 април во Русе, Бугарија се одржа „IV International Balkan and Near Eastern Social Sciences Conference Series“ – IBANESS кадешто имаше пријавено над 130 трудови. Во насока на продолжување на ваквата соработка во октомври 2017 година се планира и нова конференција којашто ќе се одржи во Македонија. Покрај овие конференции во овој период Економскиот Факултет-Прилеп е коорганизатор и на 5th Scientific Conference with International Participation “Economy of Integration” ICEI 2017 којашто ќе се одржи во декември во Тузла, Босна и Херцеговина и на научната конференција “Scientific conference of Innovative Approaches to the Contemporary Economics Problems”, којашто ќе се одржи во Дубровник од 12-14 октомври 2017.
Пред вас е новиот број на Еквилибриум кој донесува бројни и многу интересни содржини. Вообичаено на почетокот се прилозите со информативен карактер, кои овој пат ќе Ве информираат за активностите и впечатоците од отворениот ден во просториите на Економскиот факултет, кој има за цел одблиску да ги запознае идните студентите во просторните, техничките капацитет како и со академскиот кадар. Со цел стекнување на европски знаења и искуства студентите имаат можност да престојуваат на врвни европски факултети, а токму за предусловите и сите можности кои ги нуди програмата Еразмус+ ќе бидете детално информирани токму во овој број на Еквилибриум од страна на продеканот за меѓународна соработка Д. Николоски. Исто во овој број своите позитивни искуства од Еразмус+ програмата ќе ги споделат проф. Е. Онгун од Тракискиот универзитет во Едрене, кој реализираше еднонеделен престој на Економсиот факултет-Прилеп, а студентката Евгенија Божиновска беше на студиски престој во Сплит. Додека пак, за подобрување на практичните знаења студентите редовно посетуваат бројни деловни компании, а во изминатиов период група студенти од четврта година придружувани од проф. А. Ристеска беа во посета на АД Витаминка. Исто така, во овој број М. Ангелески ќе ги сподели европските искуства од соработката на универзитетите со бизнис заедницата, а во тој контекст И. Христоски има свој прилог за соработката на Факултетот со бизнсиите во минатото. Во изминатиов период Факултетот беше дел од евалуацискиот процес на експертскиот тим од Институционалната асоцијација на Универзитети со цел добивање на објективна оценка за работењето, па деталите ќе ги добиете од текстот на И. Христоски. Во рубриката влијателни економисти, ќе стане збор за животот и придонесот на Леонид Хурвиц, а за новостите од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, вообичаено, известува Е. Ангелеска. Доказ за тоа дека Економскиот факултет-Прилеп има врвен квалификуван кадар се двете одличја со кои се закитија двајца наши колеги имено, д-р Зоран Николовски беше нагрден со Орден Витез од редот на академски палми, а асистентот Спире Лазароски е избран за најинспиративен асистент од страна на студентите. И во овој број студентите партиципираат со свои текстви и тоа за одржаниот натпревар во ораторство и новостите од АИСЕК. На крајот се содржините од забавен карактер, култура, како и резултатите од студентската анкета.
Во оваа прилика редакцискиот одбор на Еквилибриум Ви посакува пријатен летен одмор!
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Mr Dimitar Risteski |
Date Deposited: | 05 Mar 2020 11:31 |
Last Modified: | 05 Mar 2020 11:31 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3857 |
Available Versions of this Item
-
Воведен збор. (deposited 28 Feb 2020 19:30)
- Воведен збор. (deposited 05 Mar 2020 11:31) [Currently Displayed]
Actions (login required)
View Item |