Vitanova, Gordana and Risteska, Aneta and Spaseska, Tatjana (2007) Менаџирање со ризиците на финансиските пазари во глобалната економија. Зборник на трудови на Меѓународната научна конференција на тема Бизнисот и глобализацијата.
Full text not available from this repository.Abstract
Глобализацијата доведува до светска интеграција на пазарите како последица на техничките можности и намалувањето, т.е. отстранувањето на бариерите во меѓународната трговија.
Високата технологија е карактеристика на производството, информирањето и комуникациите. Имено, благодарение на развојот на техниката и технологијата настанаа големи промени во производството во поглед на намалувањето на животниот циклус на производите, како и времетраењето на стекнатата конкурентска предност. Оперативните активности на деловните субјекти со погодностите на високата технологија стануваат многу сложени, што драстично влијае врз зголемувањето на ризикот. Мобилноста на финансиските средства, механизмите и контролата на ризикот, дефинираните деловни интереси на учесниците, профитабилноста на инвестирањето, преносот и трансформацијата на формата на држење на средствата итн. се фактори што бараат од менаџерите брзи и решителни акции.
Пазарот на капитал и финансиските институции во глобалната економија не можат да се набљудуваат само низ познатите организациски форми, определени со просторот и времето на сретнување на понудата и побарувачката на финансиски средства, туку низ призмата на промените во односите меѓу банките и другите финансиски институции, т.е. сите потенцијални вложувачи на слободни финансиски средства.
Од друга страна, пак, сопствениците на слободни финансиски средства особено се внимателни при изборот и донесувањето на одлуките за вложување средства и тие пред себе имаат јасно дефинирани интереси и сознанија за ризикот на вложувањата.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Mr Dimitar Risteski |
Date Deposited: | 03 Mar 2020 12:09 |
Last Modified: | 03 Mar 2020 12:09 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3780 |
Actions (login required)
View Item |