Бизниси што го променија светот (1) - Airbnb

Angeleski, Marjan and Petrevska Nechkoska, Renata (2019) Бизниси што го променија светот (1) - Airbnb. Еквилибриум (29). pp. 14-16. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.

Abstract

Airbnb иницијално е основана во 2007 година од страна на Брајан Чески (Brian Chesky) и (Џозеф) Џои Гебиа (Joseph - Joe Gebbia), а во 2008 година им се прклучува и (Нејтан) Нејт Блекарџик (Nathan - Nate Blecharckzy). Имено, првите двајца коосновачи во октомври 2007 година се соочиле со недостаток на финансиски средства за да ги подмират трошоците за изнајмување на станот во којшто живеле како цимери. Па така, дошле до идеја да ја искористат престојната конференција за дизајн што се одржувала во Сан Франциско за која имало голем интерес за посета, но, сите сместувачки капацитети во градот биле целосно резервирани. Идејата им била да изнајмат дел од нивниот стан односно да изнајмат душеци за надување како дополнителен кревет во станот. За таа цел ја креирале веб страната airbedandbreakfast.com нудејќи простор за сместување, душек и појадок за гостите. Во нивниот прв обид просторот го изнајмиле само на тројца гостии и тоа 30 годишен индиец, 35 годишна жена од Бостон и 45 годишен маж од Јута, коишто за престојот платиле по 80 долари за ноќевање.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 29 Feb 2020 19:00
Last Modified: 29 Feb 2020 19:00
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3681

Actions (login required)

View Item View Item