Kostoska, Olivera (2019) Светскиот конгрес на претприемачи. Еквилибриум (29). p. 8. ISSN 2671-3349
Full text not available from this repository.Abstract
Економскиот факултет-Прилеп беше партнер на Светскиот конгрес на претприемачи (СКП) којшто, под високо покровителство на Владата на Република Северна Македонија, се одржа во Скопје, во периодот од 16.10.2019 до 18.10.2019 година. Во согласност со потпишаната спогодба за соработка и меѓусебни обврски, Факултетот соработуваше на планот на припрема, организација и одржување на овој значаен настан, и тоа преку учество на Деканката на Факултетот, во својство на член, во работата на Научно-стручниот совет на Конгресот, учество на двајца претставници на Факултетот на настаните предвидени во периодот на одржување на Конгресот, како и преку научно-стручните трудови на наставниците и соработниците од Факултетот. Исто така, беше овозможено бесплатно учество на двајца успешни студенти на Форумот за млади и идни претприемачи предвиден во рамките на овој Конгрес.
Општата цел на Светскиот конгрес на претприемачи е промоција на претприемничкиот дух и културата на претприемништвото. Во овој контекст беше дефинирана и темата на овогодишниот СКП Северна Македонија 2019 - „Претприемништво – луѓе, соработка, развој, сигурност“. Лајтмотив за организирање на овој настан претставуваат глобалните предизвици на современото општество, како што се војните, сиромаштијата, тероризмот и загрозувањето на планетата, како и заложбите за рамномерен, рамноправен, одржлив и врамнотежен развој. Светскиот конгрес на претпиемачи, исто така, има за цел да ја потенцира и важноста на претприемачите во решавањето на овие глобални предизвици за човештвото.
Во согласност со посебните цели, се предвидува Конгресот да придонесе кон: унапредување на регионалната соработка, особено во сегментот на економските релации; промоција на инвестициските потенцијали за привлекување странски, но и домашни инвестиции во Северна Македонија; реализација на Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за стратегиските приоритети на Владата за 2019 година, со посебен фокус кон приоритетите за промовирање на претприемништвото, како и подобрување на економијата и образованието; зацврстување на соработката меѓу компаниите, универзитетите, институтите и пазарот на трудот и подобрување на претприемничкиот екосистем во Северна Македонија.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Mr Dimitar Risteski |
Date Deposited: | 29 Feb 2020 19:00 |
Last Modified: | 29 Feb 2020 19:00 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3678 |
Actions (login required)
View Item |