Spaseska, Tatjana (2019) Воведен збор. Еквилибриум (28). pp. 3-4. ISSN 2671-3349
Full text not available from this repository.Abstract
Драги читатели,
Се ближи крајот на академската година, период во кој што сите се подготвуваме за долгоочекуваниот годишен одмор, но и период во кој што ги сумираме настаните и активностите што го одбележаа минатиот период. Пред вас се наоѓа новиот број на списанието „Еквилибриум“ којшто и овојпат изобилува со информации за бројни случувања. Во текот на изминатиот период Факултетот организираше повеќе настани, од кои посебно внимание заслужува предавањето на претседателот на МАНУ, Академик Таки Фити во рамки на одбележувањето на 40 годишнината од основањето на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола. Во тој контекст, беше одржан и четвртиот натпревар во ораторство УКЛО ТРИВИУМ на тема: „40 години УКЛО, Дигитална (р)еволуција“ за што подеталнo нè информира професорката Моника Ангеловска-Дичоска и Бојан Стојановски, студент од Економскиот факултет-Прилеп кој го освои првото место на овој натпревар.
Натаму, во овој број ве информираме за Отворениот ден, кој традиционално се организира на Економскиот факултет-Прилеп со цел матурантите подетално да се запознаат со условите за студирање и студиските програми кои ги нуди нашата високобразовна институција, при што беа потпишани и меморандуми за соработка со средните општински училишта од повеќе градови.
Следува прилогот на професорката Оливера Костоска, која пишува за гостувањето на Амбасадорот на Франција во Република Северна Македонија, неговата екселенција Кристиан Тимоние, кој пред студентите од Економскиот факултет-Прилеп одржа предавање на тема: „Европската Унија во пресрет на изборите, предизвици и надежи, француско гледиште“. Исто така, свое предавање на тема “Which path to the EU for the Balkans?” одржа и г-динот Франсоа Лафонд, советник на вице-премиерот задолжен за европски прашања.
Во овој број на Еквилибриум своите позитивни искуства од Еразмус+ програмата ги споделува професорката Марија Драгичевиќ од Универзитетот во Дубровник, Хрватска која реализираше еднонеделна мобилност на Економскиот факултет-Прилеп. Исто така, во текот на минатиот семестар еднонеделна мобилност реализираа и професорите Данчо Петров и Евгенија Тонкова од Универзитетот по eкономија од Варна, Бугарија кои пред студентите одржаа инспиративни предавања од областа на финансиите и маркетингот.
Покрај академскиот кадар, и нашите студенти го градат својот академски профил низ европските универзитети со особен интерес, преку програмата Еразмус+, исполнувајќи се со знаења, искуства, впечатоци и чувства кои траат и влијаат за цел живот. Малаковска Маја, Марија Бошевска и Велковска Ангела реализираа студентска мобилност на Универзитетите во Бамберг и Сплит, и на овој начин, со свои мисли и фотографии, ни пренесуват за прекрасното искуство.
Во рамките на проектните активности, професорката Рената Петревска-Нечкоска ни го претставува проектот УКЛО за заедницата, додека Душица Неделкоска не запознава со меѓународниот проект SMecoMP. Како и вообичано, за новостите што го одбележаа работењето на нашиот Универзитет во текот на изминатиот период, известува Елизабета Ангелеска-Атанасоска.
И во овој број на „Еквилибриум“ извојуваме простор за текстовите на нашите студенти. Во тој контекст, студентката Мери Бакрески ги пренесува своите импресии од студиската посета на Брисел како една од студентите од државните универзитети кои беа добитници на наградата најдобар есеј во рамките на проектот „Со европско знаење до евроската престолнина“ организиран од Секретаријатот за Европски прашања по повод одбележувањето на 9-ти мај, Денот на Европа. Во овој број новостите од АИЕСЕК ни ги пренесува Кристина Петреска, додека за новостите од студентскиот парламент беше задолжен Михаил Дивјакоски. Неизоставна е и рубриката Препорачуваме каде Мери Бошкоска ни дава интересен предлог за филмот „Волкот од Волстрит“, а тука е и неизоставната Забавна страна.
На крај, од името на редакцискиот одбор на „Еквилибриум“, на сите студенти и професори на Економскиот факултет-Прилеп им посакуваме пријатен летен одмор.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Mr Dimitar Risteski |
Date Deposited: | 29 Feb 2020 18:59 |
Last Modified: | 29 Feb 2020 18:59 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3667 |
Actions (login required)
View Item |